Македонија
Груевски:Продолжуваме со реформите, иако Грција нè кочи

Ние правиме сè што е до нас на реформски план и ќе продолжиме и понатаму да работиме забрзано околу реформирањето на земјата, но блокадата од Грција го попречува позабрзаното работење на тој план.
Ова денеска го изјави македонскиот премиер Никола Груевски, на средбата со британскиот премиер Дејвид Камерон.
На средбата меѓу двајцата премиери, станало збор за подобрување на билатералните односи, за економско-политичката ситуација во Македонија, како и за проблемот со името.
Средбата Груевски-Камерон е прва средба на премиерско ниво, откако претходно Владо Бучковски се сретна со тогашниот британски премиер Тони Блер пред пет години.
Премиерот Груевски синоќа имаше средба со македонските иселеници, а денеска ќе учествува на Европскиот лидерски форум. Најавени се средби и со првите луѓе на познати светски компании. /крај/ме/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Облачно време со врнежи од дожд, температурата до 14 степени

Времето денеска ќе биде претежно облачно, од пладневните часови на запад, а потоа и во останатите делови од земјата ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. На планините на запад ќе врне снег.
Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, особено вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.
Во Скопје променливо облачно. Од пладневните часови ќе има повремен дожд проследен со умерен до краткотрајно засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне 10 степени.
Македонија
Демократски сојуз: Езерото Треска е на скопјани

Демократскиот сојуз бара Советот на Град Скопје и градоначалникот на Скопје да ги преземат сите законски мерки за да спречат Езерото Треска да се одземе од граѓаните на Скопје. Од партијата велат дека езерото е градено со самопридонес на граѓаните на Скопје и никој друг нема право да располага со него.
„Воедно ја повикуваме и Владата да ги активира државните институции за да спречат уништување на езерото и претворање на истото во градилиште и профит на урбаната мафија. Независно какви сè постапки се спроведени, граѓаните на Скопје на референдум одлучија да се гради, за тоа платија и никој друг на смее локацијата да ја пренамени и да ги лиши граѓаните од рекреативен центар толку потребен на сите“, соопшти ДС.
Македонија
Нови интерактивни табли во битолските основни и средни училишта

Во текот на вчерашниот и денешниот ден, во дел од основните и средните училишта во општина Битола комплетно беа поставени нови 10 интерактивни табли, за осовременување на наставниот процес.
Со средства од Општина Битола во вредност од над 630.000 денари ,интерактивни табли заедно со проектори, добија основните училишта „Александар Турунџев“, „Елпида Караманди“, „Крсте Петков Мисирков“, „Стив Наумов“, „Трифун Пановски“ и „Кирил и Методиј“, како и средните општински училишта „Ѓорѓи Наумов“, „Д-р Јован Калаузи“ и „Јане Сандански“.
Со овие интерактивни табли значително се подобруваат условите за квалитетна настава, се унапредува квалитетот, практичноста и видеокомуникацијата.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот