Македонија
Адеми негира вмешаност на ДУИ во апсењето на Муслиу
Потпретседателот на Владата и висок функционер на ДУИ, Абдулаќим Адеми, негира поврзаност на неговата партија со апсењето на поранешниот функционер на службата за државна безбедност, Хисен Муслиу.Апсењето на Муслиу следува по излегувањето во јавност на неколку досиеја, кои наводно се однесуваат на поврзаност на висок функционер на ДУИ со српските тајни служби, но и по обвинувањата на пратеникот Талат Џафери дека Муслиу учествувал во фалсификувањето на овие досиеја. Адеми повика државните институции до крај да расчистат со овој случај.„За ова прашање вие треба да се обратите до нашите институции. Нашиот став од почеток беше дека оваа афера државните институции треба да ја расчистат до крај и затоа би ве упатил прашањата да ги упатите до Министерството за внатрешни работи и судството“, рече Адеми.Коментирајќи го процесот на лустрација во Македонија, евроамбасадорот Ерван Фуере со став – овој процес не треба да се меша со политиката.„Во сите земји, не само во Македонија, ова е екстремно чувствително прашање кое не треба да се третира на екстремно чувствителен начин и треба да биде процес каде политичките агенди доминираат над прашањето на правда. Очигледно е дека е важно да се примени поголема чувствителност во однос на овој процес на лустрација“, изјави Фуере.Евроамбасадорот Фуере денеска на вицепремиерот Адеми му го претстави годишниот извештај на Европската Комисија за напредокот на Македонија, во рамки на воспоставената пракса за негово претставување во сите важни институции во земјава. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

