Македонија
Анкета: Високо ниво на „етнички нарцисизам“ во Македонија
Постои генерално високо ниво на „етнички нарцисизам“ и перцепција на сопствената етничка група како доминантна во споредба со останатите, покажуваат резултатите од најновата анкета на Центарот за истражување и креирање политики.Со реченицата „Нашата етничка група е супериорна споредено со останатите етнички групи и нации“ целосно се согласуваат 52,6 отсто од анкетираните а 3,7 отсто делумно се согласуваат. Тврдењето дека „некои етнички групи никогаш нема целосно да се интегрираат во нашето општество“, за 42,6 отсто од испитаниците е целосно точно и 4,9 отсто од нив делумно се согласуваат со него. Повеќе од три четвртини од испитаниците пак, воопшто не се согласуваат со тврдењето дека случајноста на фактот што некој е роден во дадената држава е доволна причина за тој/таа да не биде горд на неа.„Постои парадоксално откритие од ова истражување дека женските испитаници, почесто од машките, се согласуваат со идејата абортусот да биде забранет, а испитаниците Албанци и Роми се најголеми поддржувачи на идејата за забранет абортус,“ рече Анастас Вангели од Центарот за истражување и креирање политики.Интересно во истражувањето е тоа што повеќе од половина испитаници се согласуваат со тврдењето дека „мајките може да имаат своја кариера, но нивна прва должност е да бидат домаќинки“, а од друга страна повеќе од 90 отсто од анкетираните сметаат дека жените треба да имаат иста плата за иста работа како и мажите.Хомосексуалните бракови генерално имаат ниска поддршка помеѓу населението односно околу 14,2 отсто целосно ги поддржуваат истополовите бракови, 2,2 отсто делумно ги поддржуваат а 5,5 отсто се неутрални по ова прашање.Повеќе од 80 отсто од вкупниот број на испитаници делумно или целосно се согласуваат со либералистичката максима дека „колку е послободен пазарот, толку е послободен народот“. Во исто време, околу 80 отсто од вкупниот број на испитаници се согласуваат дека секој треба да работи според можностите а да добива според потребите.Речиси две третини од испитаниците (64.6 отсто) целосно или делумно се согласуваат дека животот во минатиот режим бил подобар од животот денес, а речиси 60 отсто од испитаниците се согласуваат со идејата дека имале повеќе слободи во југословенското време.Анкетата, која треба да послужи за споредување на ставовите на јавноста со ставовите на јавноста со ставовите на политичката, економската и академско-културната елита во Македонија, била спроведена на репрезентативен примерок од 1094 испитаници, во периодот од 24-28 октомври. Примерокот бил составен од 45.4 отсто машки испитаници, 54,5 женски испитаници и еден испитаник кој не го обзнанил својот пол. Етничката структура на примерокот била составена од 65.8 отсто етнички Македонци, 24,7 отсто Албанци, 4 отсто Турци, 2.7 отсто Роми, 1.6 отсто Срби, 0.6 отсто Бошњаци, 0.1 отсто Власи и 0.4 отсто припадници на другите етнички заедници./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

