Македонија
Стотина стечајци создадоа сообраќаен метеж во центарот на Скопје
Група од стотина стечајни работници, попладнево ја блокираа раскрсницата пред Собранието, што доведе до сообраќаен колапс во центарот на градот.
Блокадата на една од најфрекфентните раскрсници во Скопје предизвика револт кај дел од возачите, а понервозните се обидоа и да го пробијат кордонот поставен од стечајците.
Протестот е организиран од здружението на стечајци „УНИТ“, кое неколку месеци организира слични протести во Скопје, со барање да бидат згрижени стечајните работници на возраст од над 50 години за жени и над 53 за мажи, кои имаат остварено 15 години стаж.
„Жалам што на овој начин мораме да го изразиме нашиот револт. Нашите барања се многу чисти. Поднесовме два предлог закона и двата беа одбиени. Стоиме и натаму на нашите барања“, изјави Лилјана Георгиевска, претседателка на “УНИТ“.
Таа му порача на премиерот Никола Груевски дека демократија во Македонија е сведена на нула.
„Ако народ дал доверба на еден премиер, тој треба да ја оправда таа доверба“, рече Георгиевска.
Предлог законот за стечјаците, со кој секој стечаец би добивал по 6.000 денари до пензионирање, беше отфрлен летоска од собранието, а по собраниската седница дојде и до физички инцидент во ходниците на собранието. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Куманово – Крива Паланка, до 100 метри на патните правци Делчево – Македонска Каменица и Катланово – Велес и од 100 – 150 метри на патните правци Градско – Неготино и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик.
Тој заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар.
„Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.
Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, нова урбана опрема, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин.
Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата“, напиша Ѓорѓиевски.

