Македонија
Мирно пред А1 телевизија
Пред зградата на А1 телевизија утринава е мирно, но забележливо е зголемено присуство на полицијата.
Како што јавува А1 денеска, вратите на телевизијата каде што се наоѓа серверот и компјутерскиот центар биле пломбирани.
Од А1 тврдат дека откако се разишла толпата, полицијата кршела врати и тепала новинари.
Новинарите на А1 телевизија синоќа реагираа поради опсада на нивната телевизија од страна на полицијата, потенцирајќи дека се работи за напад врз еден демократски медиум.
Од друга страна, полицијата соопшти дека не станува збор за никаква опсада на телевизијата, туку за асистенција на даночните органи при контрола во шест фирми кои се наоѓаат на иста адреса со телевизијата.
Опозицијата ја обвини власта дека на овој начин сака да ги замолчи независните медиуми, што од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ беше отфрлено. Илија Димовски од партијата на власт изјави дека станува збор за чиста манипулација на јавноста и обид една легална постапка на даночниците да се прикаже како атак врз телевизијата. /крај/а1/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

