Македонија
Поповски: Газдите на медиумите да не ги мешаат новинарите во своите бизниси

Сопствениците на медиумите во ниеден момент не смеат да остават сомнеж дека нивните новинари се злоупотребени или дека се под притисок и закана да работат во заштита на лични бизнис интереси на газдите.
Ова денеска го изјави претседателот на Здружението на новинари (ЗНМ) Роберт Поповски, при тоа додавајќи дека сопствениците на медиумите треба да се залагаат за почитување на словото на законот, за правна и демократска држава.
Тој побара од Управата за јавни приходи, финансиската полиција и сите други надлежни институции во текот на денот јасно и прецизно да и соопштат на македонската јавност за мотивот и причините за нивната ангажираност во вчерашната акција спроведена во објектот каде е сместена и А1 телевизија.
Поповски апелираше и до Министерството за внатрешни работи, да спроведе итна, професионална и објективна истрага за вчерашната интервенција. Исто така побара од нив да истражат дали во акцијата припадниците на полицијата примениле физичка сила врз новинарите и ако тоа се случило, полицајците да бидат казнети.
Претседателот на ЗНМ, воедно ги повика институциите на системот надлежни за контрола и регулација на медиумите да стават крај на беззаконието и хаосот во кој егзистираат и функционираат медиумите во Македонија и да овозможат еднаква и фер позиција на сите медиуми на пазарот.
Поповски нагласи дека толерирањето на ваквата состојба го руши моралниот и професионалните кредибилитет на новинарите, со што се резултира само со пад на стандардите на професијата и низок квалитет на новинарскиот производ, обременет со закани, притисоци и страв на новинарите за нивните работни места. /крај/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Ангелов: Mожна причина за пожарот кај Блаце е фрлен отпушок од цигара од возило во движење или намерно потпалување

Два полициски хеликоптера, еден армиски хеликоптер, еден Хермелин со цистерна на ДЗС, еден Пинцгауер на ДЗС и едно теренско возило „амарок” на ДЗС, дејствуваат како поддршка на скопската Бригада за противпожарна заштита која со повеќе пожарникари и возила го гаси големиот пожар на отворен простор на територијата на општина Чучер Сандево над магистралниот пат Скопје – Блаце кој изби вчера во попладневните часови.
„Од мое непосредно забележување можам да кажам дека овој пожар изби непосредно до магистралниот пат кон Блаце и можна причина е фрлен отпушок од цигара од возило во движење или намерно потпалување“, вели директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Тој апелира до граѓаните да се однесуваат совесно и никогаш да не фрлаат отпушоци од цигари надвор од возило, дури и тогаш кога се убедени дека се изгаснати.
Доколку забележите пожар веднаш јавете на бројот 112.
Македонија
Пожарот зафати само надворешен дел од дворот на Психијатриската болница Бардовци, нема причина за загриженост, велат од МЗ

По пожарот што вчера зафати дел од тревна површина во дворот на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“, Министерството за здравство ја информира јавноста дека ситуацијата е целосно ставена под контрола и нема причина за загриженост.
Од безбедносни причини, во краток временски период беше спроведена превентивна евакуација на дел од пациентите и вработените. Навремената и координирана интервенција на надлежните служби спречи проширување на пожарот кон болничките објекти. Не е причинета никаква материјална штета врз објектите и не се регистрирани повредени меѓу пациентите и персоналот.
Пожарот зафати само надворешен дел од дворот, обраснат со сува трева и истиот е успешно локализиран.
Во објектите на болницата има присутен дежурен медицински и административен персонал и активно ќе ја следат состојбата.
Македонија
(Видео) Во седум налети хеликоптерот на МВР исфрли 10 тони вода

Вчера полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, а по претходно добиено барање од ЦУК за преземање активности во врска со гаснење на пожар во реонот на Блаце, се упатија со хеликоптерот Бел 412 за извршување на задачата.
Во седум налети хеликоптерот исфрли 10 тони вода, а потоа поради ноќните услови се врати во базата, извести МВР.