Македонија
Средба Коњановски – Сирен
Придонесот на Македонија во заедничката безбедносна и одбранбена политика на Европската Унија, учеството во мисии на европско и светско ниво, како и реформскиот процес во одбраната беа дел од темите за кои денеска во Скопје разговараа министерот за одбрана, Зоран Коњановски и претседавачот на Воениот комитет на ЕУ, шведскиот генерал Хакан Сирен.Како што соопштуваат од Министерството за одбрана, Коњановски го информирал Сирен за реформскиот процес во делот на евроатланстското интегрирање на земјата, како и за учеството во мисијата Алтеа во Бих и за учество во Концептот на Борбените групи на ЕУ.„Република Македонија ќе биде дел од Борбената група на ЕУ во втората половина на 2012 година, со придонес од 150 лица“, се вели во соопштението од МО.Генералот Сирен, како што се соопштува, бил импресиониран од придонесот на Македонија кон глобалната безбедност и светскиот мир, во сите мисии со посебен осврт на Авганистан. Воедно, тој како исклучително високи ги оценил стандардите и капацитетите на АРМ, а посебно бил нагласен придонесот на Македонија кон ЕУ операцијата Алтеа кој бил потврден и со најавениот придонес на Македонскиот контингент во „Борбената група ЕУ 2012“. Тоа, според Сирен, е потврда дека постои основа за суштинско стратегиско партнерство на нашата земја со ЕУ и искажал надеж дека Македонија наскоро ќе биде дел од НАТО и ЕУ. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

