Македонија
Одземени пари и документација од управител на фирма регистрирана на улицата Перо Наков б.б.
Како што соопшти на прес-конференција во Министерството за внатрешни работи, министерката Гордана Јанкулоска во петокот наутро бил претресен стан на управител на една од фирмите регистрирани со седиште на улицата „Перо Наков“ б.б.
Точната адреса и идентитет на личноста не се соопштува, а Гордана Јанкулоска потврди дека од станот биле одземени неколку компјутери, документација и поголемо количество пари кои се уште се пребројуваат, но, како што рече министерката за внатрешни работи, се претпоставува дека станува збор за стотина илјади евра во различни валути и апоени.„Се претпоставува дека предметите, документацијата и паричните средства биле изнесувани од просториите на улицата „Перо Наков“ б.б. во текот на денот додека инспекторите беа изолирани во одредени просториии во објектот. Истите биле изнесувани од возачи, но се уште се работи на прибирање дополнителни докази“, рече министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на прес-конференција во МВР организарана по повод синоќешните случувања пред обајектот на спомеантата улица каде се наоша и скопската телевизиај А1. Јанкулоска нагласи дека сонзанијата се документираат и дека во тек се консултации со Основното јавно обвинителство, по што ќе следува соодветна пријава.Министереството за внатрешни работи во моментот нема информација каде се наоѓа сопственикот на А1 телевизија.Јанкулоска пред новинарите нагласи дека полицијата во петокот навечер на улицата „Перо Наков“ б.б. била присутна на барање за асистенција упатена од страна на Финансиската полиција и Управата за јавни приходи, кои со судски налог вршеле контрола на фирмите регистрирани на истата адреса, и тоа за дејности кои немаат никаква поврзаност со радиодифузна дејност односно со медиумите. Целта на контролата била да се обезбедат докази за евентуален финансиски криминал и проневери во фирмите, рече Јанкулоска.„Не можам да потврдам или да демантирам во овој момент дали тие на некаков начин се поврзани со А1 Телевизија. Но категорично може да се потврди дека А1 Телевизија не беше предмет на интерес на инспекциите“, рече министрката Јанкулоска.Таа додаде дека траба да бидат дадени и одговорите на прашањата дали новинарите знаеле дека на истата адреса се регистрирани повеќе фирми, за евентуалните малверзации во нив и зошто откако биле информирани дека се работи за финансиска контрола, не отстапиле и не им овозможиле на службените лица без притисоци да ги извршат службените задачи.„Најверојатно стануваше обид за несмасна манипулација со јавноста потврдува и фактот што вчера вечер токму во студиото на А1 Телевизија продефилираа членовите на СДСМ и на СОРОС, со безброј бесмислени и непринципиелни фабрикувани обвиненија“, рече Јанкулоска.Министерката потенцираше дека и покрај турканиците, навредите и провокациите кон полицајците, кои биле попречувани во извршување на службените задачи, тие успеале да ја задржат присебноста и да не дозволат да се случат инциденти.Јанкулоска дополни дека за случајот со целокупната документација ќе бидат информирани и дипломатските претставници и меѓународната заедница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

