Македонија
УЈП: Контролата беше врз шест фирми на „Перо Наков“ бб
Управата за Јавни Приходи (УЈП) се сомнева дека преку шест фирми на улицата „ Перо Наков“ бб изнеле и префрлиле 7, 5 милиони евра – неоданечени пари надвор од државава.Инспекциските служби до утрово вршеа контрола на печатницата „Мисирков“, „Плус продукција“, „Акс – стра“, „Синин“, „Акстра Трејд“, „Време еџ“, „Плус ком“, кои претежно се во сопственост на странски државјани, за кои УЈП се сомнева дека парите ги испумпувале надвор од државава во “даночните раеви“.Директорот на УЈП Горан Трајковски на денешната прес конференција на која присутствуваа и странски дипломати рече дека дека ниту еден од семејството Рамковски не беше предмет на контрола.„Нашето присутство беше до утрово до 5 часот и 30 минути. Согласно судските наредби инсистиравме да бидеме премногу прецизни. Извршено е складирање на документацијата во хартиена форма, документирана со фото, видео и аудио снимки, запечатена. Запленета е и одземена и однесена во простории кои што ги одредил истражниот судија, а одземени е и електронска опрема од 45 комјутери и одземен е еден сервер и запечатен на самото место“ – рече Трајковски Трајковски вели дека 16 месеци УЈП не била во состојба да спроведе финансиска истрага поради малверзации со полномошна и одлагање на постапката.Според него, целата контрола започнала од фирмата „Астра Трејд“, сопственост на странски државјанин, која била поврзана со фирмата „МИА Бевериџис“, компанија за производство на сокови, за која при контроли во последниве два месеци е утврдено дека намерно сакала да исчезне од правниот простор со загуба од 5 милиони евра. Кај неа постои поврзаност со млекарницата „Сведмилк“, која пропадна и остави долгови од 30 милиони евра, за што УЈП ќе докажува дали 7,5 – те милиони евра се дел од овие 30 милини евра.„Можам да им честитам на даночните инспектори кои вчера одржаа лекција како треба да изгледа и да се однесува даночен инспектор, иако работа 12 часа под камера. Тоа започна од нивното влегување во 10 часот и 30 минути, а не од 19 часот и 30 минути кога некој ја направи блокадата пред А1 зошто така сакаше“ – рече ТрајковскиТој истакна дека и покрај работата на контакт центарот на УЈП никој од А1 телевизија не се јавил да побара информација за тоа што се случува во кругот на телевизијата. „Пред полноќ пред настапот на МТВ се јави новинар од А1 која праша дали би дал изјава за А1 на што одговорив позитивно. Беше кажано дека тие ќе дојдат пред МТВ со нивна екипа и со линк ќе земат изјави во интерес на гледачите, но тоа не се случи“ – додаде Трајковски. крај/кс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

