Македонија
УЈП: Контролата беше врз шест фирми осомничени се испумпување пари надвор од државата
Управата за Јавни Приходи (УЈП) се сомнева дека преку шест фирми на улицата „Перо Наков“ бб изнеле и префрлиле 7, 5 милиони евра – неоданечени пари надвор од државава
Инспекциските служби до утрово вршеа контрола на печатницата „Мисирков“, „Плус продукција“, „Акс – стра“, „Синин“, „Акстра Трејд“, „Време еџ“, „Плус ком“, кои претежно се во сопственост на странски државјани, за кои УЈП се сомнева дека парите ги испумпувале надвор од државава во “даночните раеви“.Директорот на УЈП Горан Трајковски на денешната прес конференција на која присутствуваа и странски дипломати рече дека дека ниту еден од семејството Рамковски не беше предмет на контрола.„Нашето присутство беше до утрово до 5 часот и 30 минути. Согласно судските наредби инсистиравме да бидеме премногу прецизни. Извршено е складирање на документацијата во хартиена форма, документирана со фото, видео и аудио снимки, запечатена. Запленета е и одземена и однесена во простории кои што ги одредил истражниот судија, а одземени е и електронска опрема од 45 комјутери и одземен е еден сервер и запечатен на самото место“ – рече ТрајковскиТрајковски вели дека 16 месеци УЈП не била во состојба да спроведе финансиска истрага поради малверзации со полномошна и одлагање на постапката.Според него, целата контрола започнала од фирмата „Астра Трејд“, сопственост на странски државјанин, која била поврзана со фирмата „МИА Бевериџис“, компанија за производство на сокови, за која при контроли во последниве два месеци е утврдено дека намерно сакала да исчезне од правниот простор со загуба од 5 милиони евра. Кај неа постои поврзаност со млекарницата „Сведмилк“, која пропадна и остави долгови од 30 милиони евра, за што УЈП ќе докажува дали 7,5 – те милиони евра се дел од овие 30 милини евра.„Можам да им честитам на даночните инспектори кои вчера одржаа лекција како треба да изгледа и да се однесува даночен инспектор, иако работа 12 часа под камера. Тоа започна од нивното влегување во 10 часот и 30 минути, а не од 19 часот и 30 минути кога некој ја направи блокадата пред А1 зошто така сакаше“ – рече ТрајковскиТој истакна дека и покрај работата на контакт центарот на УЈП никој од А1 телевизија не се јавил да побара информација за тоа што се случува во кругот на телевизијата.„Пред полноќ пред настапот на МТВ се јави новинар од А1 која праша дали би дал изјава за А1 на што одговорив позитивно. Беше кажано дека тие ќе дојдат пред МТВ со нивна екипа и со линк ќе земат изјави во интерес на гледачите, но тоа не се случи“ – додаде Трајковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

