Македонија
Владата ги демантира тврдењата на Рамковски
Владата ги демантира тврдењата на Велија Рамковски дека владини реклами биле користени за покривање на трошоци поврзани со партиски кампањи.
„Тоа тврдење на Велија Рамковски претставува груба лага и манипулација кое има за единствена цел да направи обид за оттргнување на вниманието на јавноста од она што е фактичка ситуација, а тоа е контролата на државните институции на шест компании лоцирани на истата адреса каде што се наоѓа и А1 Телевизија и основаниот сомнеж дека тие компании имаат направено сериозно и грубо прекршување на законите“ се вели во демнатот.
Рамковски вчера на А1 и на вечерашниот протест за поддршка на А1 рече дека ВМРО – ДПМНЕ ги плаќала партиските реклами на А1 телевизија со државни пари
Завчера новинарите од националната телевизја А1 објавија дека има полициски упад во медиумот како и дека не можат слободно да се движат и да си ги извршуваат своите професионални обврски. МВР пак, соопшти дека телевизијата воопшто не била предмет на нивната истрага и дека се вршела финансиска контрола над шест фирми што се регистрирани на иста адреса каде што е лоцирана и телевизијата, „Перо Наков“ ББ./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

