Македонија
Училиштата и институциите останаа без Одбори
Училиштата, јавните претпријатија и културните институции, останаа без управни и надзорни одбори по одлуката да се повлече оваа точка од дневен ред. Софија Куновска, координаторката на советничката група на СДСМ, рече дека новите членови кои треба да ги заменат старите со цел да се запознаат членовите на градскиот совет со нивното образование и компетентност се предложени без биографии.„Биографии имаме од неколку членови, но за жал на овие личности по се изгледа никој не им кажал дека училиштата во Скопје, Универзалната сала, Музејот на Скопје не се партиски штаб на ДПМНЕ.“, рече Куновска.Во својата реакција, Сашо Стефановски, координаторот на ВМРО ДПМНЕ, рече дека за избор на член на советот потребно е да се земат во предвид неговите квалификации, а не неговата партиска книшка.„Точките за избор на членови на Управните и Надзорните одбори на училиштата, институциите и јавните претпријатија се повлечени бидејќи немаме комплетни биографии“, рече Стефановски.Како и на секоја седница на Градскиот совет, не изостанаа препукувањата помеѓу советниците од различните партии за кратенките на имињата на политичките партии. Веќе неколку седници по ред се води битката за тоа дали за политичката партија ВМРО ДМПНЕ, треба советниците на СДСМ треба да им се обраќаат како советници на ДПМНЕ. Забелешка за „ословувањето“ само како ДПМНЕ од советниците Софија Куновска и Александар Наумовски имаше советникот Александар Бичиклиски, како и Зоран Шапуриќ чија Либерално Демократска партија цело време беше нарекувана како Либерална Партија. Претседателката на Советот, Ирена Мишева, побара од советниците на СДСМ кога ќе им се обраќаат на своите колеги да го користат целосното име на партијата./крај/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

