Македонија
Јануш Бугајски: исходот од Лисабон е очекуван
На Самитот на НАТО во Лисабон беше потврден ставот од Букурешт дека Македонија ќе стане членка ќе го реши проблемот со името. Ниту една членка на Алијансата не сака да биде вовлечена во решавањето на билатералниот спор со Грција, вели аналитичарот Бугајски
Јануш Бугајски од Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон за ваквиот исход коментира: „Како и што се очекуваше. Сите знаеја дека нема да има формална покана за членство на Македонија се додека не се најде решение за спорот со Грција. Мислам дека ниту една членка на НАТО не сака да интервенира, затоа што тоа е билатерално прашање за изнаоѓање решение. Но доколку САД и која и да е друга членка на НАТО може да дадат помош, сигурен сум дека со задоволство ќе помогнат. Се надевам дека до наредниот самит на НАТО за две години, Скопје официјално ќе добие покана за членство“.Во интервју за Гласот на Америка, Бугајски анализира зошто постои надеж за брза завршница на повеќедеценискиот спор иако веќе минаа двеипол години од самитот во Букурешт.„Не би рекол брза, затоа што нема да се реши преку ноќ. Мислам дека Грција има свои внатрешни проблеми со кои се справува, и во рамки на ЕУ. Македонија има различни прашања што самата треба да ги реши. Се додека биде направен некаков напредок, некаков основен договор што може да се ратификува, тоа би можело да и помогне на земјата да добие некаков вид на покана за членство“, коментира аналитичарот од Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон.НАТО, и како други меѓународни организации, се води од принципот на консензус, што е неопходен и за членство, потсетува аналитичарот Бугајски.„Владата во Македонија треба да има на ум дека не само што треба да има добри односи со Грција, туку и такви во кои ќе има компромис, за да на неа се гледа како на добар партнер во НАТО.Не се работи само за членството, туку земјата треба да егзистира до соседот. Мислам дека е подобро да се почне на здрава нога, кога ќе биде постигнат договор, вели Бугајски“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

