Македонија
Ако утре има избори 28 отсто од гласачкото население нема да гласа
Доколку утре би се одржувале парламентарни избори, 28 отсто од гласачите не би излегле да гласат, 23 отсто би гласал за ВМРО-ДПМНЕ, а 11 отсто за СДСМ.
Ова го покажа телефонската анкета спроведена месецов од страна на Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС).
Од албанските партии најголем број на гласови би добила ДУИ, односно за оваа партија би гласале 6 отсто од населението, а за ДПА два отсто.
Според анкетата најголем рејтинг од лидерите има лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, односно 23 отсто од испитаниците му веруваат, по кој следува лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски со 8, 6 отсто.
Кај албанскиот политички блок најголем рејтинг ужива лидерот на ДУИ, Али Ахмети со 6 отсто, по кој следува лидерот на ДПА, Мендух Тачи кој има рејтинг од 2,3 отсто, а лидерот на Нова Демократија, Имер Селмани со 1,5 отсто.
На ниту еден политичар не му веруваат 38,6 отсто од испитаниците.
Телефонската анкета е спроведена на 1110 испитаници, со цел да се измери рејтингот наполитичките партии и нивните лидери, во контекст на, како што велат од ИПИС, последните најави за можни предвремени парламентарни избори./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.