Македонија
ДКСК: Нема епилог од ниту едно процесуирано дело
Во Македонија има политичка волја за борба против корупцијата, но досега нема епилог за ниту едно дело процесуирано од Државната агенција за спречување на корупцијата.
Ова денеска го изјави Цветко Мојсоски, член на Антикорупциска комисија по повод 9 декември, Меѓународниот ден за борба против корупцијата.
Република Македонија е на 62 место на скалата за корупција, а во последниот Извештај на ЕК за Македонија е нотиран напредок во однос на борбата со корупцијата.
„Македонија во 2007 ја прифати Конвенцијата за борба против корупцијата, донесени се посебни закони за борба против корупцијата, формирано е тело како што е нашето, има многу невладини организации, но дали е докрај искрена таа борба? Има елементи да се сомневаме, но мислам дека има политичка волја. Но, корупцијата е толку распространета во сите сфери и ние мораме не само со зајакнување на репресијата, со донесување на законите туку да влијаеме со менување на односот кон појавата на корупцијата“, рече Мојсоски.
Тој додаде дека тоа е долг процес и се учи од мали нозе.
Во овие четири години, тој тврди дека лично немал влијание или притисоци, ниту од власта, ниту од опозицијата.
Тој вели дека секогаш кога се наоѓаат елементи за постоење на кривично дело Комисијата процесуира.
„Не сме секогаш задоволни од тоа со една реченица да ни се одговори за дело што се гони по службена должност. Меѓутоа имаме предвид и една друга работа, дека обвинителот е „газда“ на постапката така што по нашата иницијатива тој спроведува истрага и можеби, наоѓа други елементи за кои не наоѓа дека треба да се гони“, посочи Мојсоски.
Тој додаде дека повеќе предмети се процесуирани, но оти ниту еден не добил епилог, а одговорот за таквата состојба вели дека треба да се бара кај надлежни органи. /крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

