Македонија
Не се открива што има во сефот запленет на „Перо Наков“
Сефот којшто беше запленет на улица „Перо Наков број 60“ попладнево беше отворен во просториите на финансиската полиција, но се уште не се открива содржината на сефот
Авокатот на осумте фирми кои се наоѓаат на оваа адреса не открива што има пронајдено во него. Од првичниот увид биле пронајдени само документи, кеш немало.„Има документација, кеш јас не видов никаков, меѓутоа не знам, може во папките, во пликовите, можеби ќе се најде нешто, тоа не е ништо страшно. Меѓутоа од она што го видовме се работи за хартии, за документи, некои клучеви, нормални работи кои во секој сеф, во секоја благајна се наоѓаат“ вели адвокатот Мирослав Вујиќ.Управителите на осумте фирми кои се наоѓаат на Перо Наков, не се појавија на отворањето на сефот. И покрај шпекулациите дека повеќето од нив биле странски државјани, адвокатот Вујиќ тврди дека сите се наши државјани.„Не овластија со полномошно, токму поради тоа, да не се прави гужва, за да и стручните лица кои работат немаат проблем со таа гужва, затоа што сега ќе треба секое хартивче да се потпише. Со нивно одобрение тие денеска не се дојдени и закажано им е да дојдат во понеделник“ рече Вујиќ.Не се знае до кога ќе трае постапката со анализата на документите, бидејќи се работи за обемна документација. Адвокатот изрази задоволство од сегашната работа на финансиската полиција, но не сака да прејудицира дали во цела оваа работа постои даночна пирамида.„Јас сеуште не можам да откријам за кое кривично дело овде се работи, значи овде дејствијата што се преземаат е да се открие евентуално некое сомнение за извршено кривично дело. Можеби нема никакво кривично дело. Не можеме да прејудицираме однапред“, рече Вујиќ.Отворањето на сефот се одложи вчера за што не се појавија сите директори и сметководители на фирмите. Истрага за фирмите каде се наоѓа и А1 телевизија води и Управата за јавни приходи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

