Македонија
Десет средни училишта добија нова спортска опрема
Скопските гимназии „Никола Карев“, „Орце Николов“ и „Раде Јовчевски Корчагин“ заедно со средните училишта од Велес и Штип се десетте средни училишта , кои денеска добија нова спортска опрема во рамки на проектот за 145 спортски сали.
За ова денеска информираше министерот за образование Никола Тодоров најавувајќи ги за идната година и другите две фази за опремување на спортски сали кои ќе се одвиваат од 1 јануари до 30 март и од 1 април до 30 јули, кога ќе бидат опремени уште 49 средни и основни училишта.
Во рамките на овој проект, како што рече министерот Тодоров, воделе грижа и за децата со специјални потреби па така училиштата каде тие посетуваат настава ќе добијат опрема како што е орбитрек, степер, гумени топки, гуми и тегови за раце прилагодени за употреба за овие деца.
„На овој начин сакавме да постигнеме еднакви услови за развој на спортските активности во сите средни училишта и на тој начин сметаме дека ќе придонесеме за подобар развој на спортот“, рече Тодоров.
Опремувањето ќе чини 23 милиони денари добиени од банката за развој при Советот на Европа./крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

