Македонија
Жестока расправа за распуштање на парламентот
Жестока расправа во Собранието за Предлог-одлуката за распуштање на Собранието поднесена од опозициската СДСМ
Опозицијата бара предвремени избори затоа што смета дека власта е нелегитимна и ненародна.„Цели пет години Македонија не оди во посакуваната насока. Изминативе години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат забележани во историјата како години на беда, очај, сиромаштија, распад на институциите. На народот му е доста и треба да се оди на предвремени избори“, рече Цветанка Иванова од СДСМ.Таа додаде дека Македонија наместо сто чекори напред, е сто чекори назад и оти како што рече над 95 отсто од ветеното, не е исполнето.Според владејачкото мнозинство ваквите барања се неискрени, а предвремени избори би значеле трошење на време, пари и енергија.„Колегите од СДСМ се неискрени. Нивното барање „бараме избори, но го молиме Бога тие да не се случат. На ВМРО-ДПМНЕ во моментов најмногу му одговара да има избори“,рече пратеникот Александар Спасеновски од ВМРО-ДПМНЕ.Џеват Адеми од ДУИ уште еднаш го потврди ставот на неговата партија дека прво е потребно решавање на спорот околу името со Грција, па предвремени парламентарни избори.Според либералдемократот Андреј Жерновски, граѓаните бираат две различни страни од една иста паричка.„Во Македонија сите говори се исти, само говорниците се менуваат, а граѓаните бираат две различни страни од една иста паричка“, рече Жерновски.Павле Трајанов од Демократскиот сојуз, тврдеше дека опозицијата не е спремна за предвремени избори .Расправата за Предлог-одлуката е во тек, се очекува дека за неа ќе се гласа подоцна вечерва.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

