Македонија
Наумовски: Добриот сосед не создава неволји
Добри соседи се оние што помагаат во неволји, не оние што ги создаваат неволјите, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски во врска со заклучоците на Европскиот совет кои треба да бидат објавени денеска, Наумовски уште еднаш изрази очекување дека Македонија ќе биде дел од нив, но и дека Грција и во оваа прилика како членка на Европската Унија ќе го попречи отпочнувањето на претпристапните преговори.„Во повеќе наврати најавивме дека она што се случува во Советот не е неочекувано и дека клучни за европските интеграции се добрососедските односи. Сепак тие се принцип за кој треба да се вложуваат и државите членки на Европската Унија. Ако меѓу две соседни држави едната е веќе членка на ЕУ, а другата е кандидат, не значи дека таа што е членка по автоматизам е добриот сосед, а другата е лош сосед“, рече Наумовски.Тој додаде дека Македонија повеќепати иницирала продлабочување на соработката со соседна Грција. Според него добриот сосед е онаа држава којашто предлага билатерални спогодби, којашто се залага за продлабочување на билатералната соработка и за сојузништво со соседните држави./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Облачно време со врнежи од дожд и температуриа до 9 степени
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови (над 35 l/m²). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Во повисоките делови од котлината врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Утре на планините и на повисоките места ќе провејува слаб снег. Од недела времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму температурата ќе остане пониска.
Македонија
АМСМ: Тековен сообраќај по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Потсетување дека патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.
Македонија
Дел од корисниците од Гази Баба без струја
Дел од корисниците од Гази Баба денеска ќе останат без струја.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 28.11.2025 година ( Петок ) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08:30 до 14:30 часот, корисниците на ул.2 во Раштак ( општина Гази Баба )“, информира РЦУК.

