Македонија
Реконструиран Заводот за рехабилитација на слух, глас и говор

Децата кои се рехабилитирани во Заводот за рехабилитација на слух , глас и говор, добија подобри улови по комплетното реконструирање на старите бараки во кои досега беа сместени.
Директорката на Заводот , Живка Јордановска информираше дека се добиени нови 12 легла во кои ќе бидат сместени само деца и на тој начин ќе бидат одвоени децата од повозрасните пациенти, што досега беше начинот на функционирање.
„Особено сме задоволни од тоа што го постигнавме бидејќи нашите деца не седат овде една недела, една година.Нашите деца престојот го почнуваат на двегодишна возраст и го завршуваат на седумгодишна возраст.Нивната рехабилитација е многу долготрајна и затоа е потребно да има убави услови“, рече Јордановска.
Во моментов има околу 20 деца кои се во Заводот на 24 часовен престој и околу 26 деца кои се на полудневен болнички третман.
За реновирањето се потрошени 1,2 милиони денари а Јордановска се пофали дека Заводот со години нема никакви долгови и дека располагаат исклучиво со парите кои ги добиваат од Фондот за Здравство.
Министерот за здравство Бујар Османи денеска го посети Заводот и на најмладите пациенти им подели новогодишни пакетечиња./крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош, Студеничани, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 14:00 часот, дел од корисниците од населба Бардовци, (во околината на фирмата СВИСЛИОН), општина Карпош;
· од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од селата: Елово, Црн Врв и Малчиште, општина Студеничани;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од дел од ул. Трајко Бошковски, општина Ѓорче Петров;
· од 13:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Добри Дол, општина Сопиште.
Македонија
Изменет сообраќаен режим во наредните четири дена во Скопје кај кањонот Матка-реката Треска

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак на реката Треска-кањон Матка, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во тој дел од градот Скопје и тоа во понеделник, вторник и среда од 08 до 14 часот, а во четврток од 08 до 16.30 часот.
„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, со цел да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот“, велат од МВР.
Македонија
(Видео) Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во Струмичко

Вчера полициски хелиокптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во Василево, село Нивичино.
Поради разгорување на пожарот и опасност кон викендици и лица што дејствуваат во гаснење на пожарот полицискиот хеликоптер со прецизни налети дејствуваше во близина на патот и објектите кои што беа обиколени со пожар за да се обезбеди безбеден премин и да можат екипите од терен на безбедно да извршат евакуација на загрозените лица и да се повлечат на безбеден терен.