Македонија
Градскиот кеј во Охрид повремено под вода

Поголем дел од градскиот кеј повремено е под вода, а на површина исплива и ѓубрето од Охридското Езеро, јавува ОхридЊуз
Силниот јужен ветер што во текот на изминатото деноноќие дува во Охрид го разбранува езерото. Силни високи бранови го заплискуваат крајбрежјето. Од денеска времето ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, што ќе предизвика топење на снегот и на повисоките места.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Објавен оглас за ангажирање на 300 невработени лица за помош на стари лица и лица со попреченост

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, ја презентираше новата мерка од Оперативниот план за 2025 година – Програмата Општинско-корисна работа, со која се предвидува ангажман на 300 невработени лица за обезбедување социјални и здравствени услуги на локално ниво.
Програмата не е наменета за комунални работи, туку за директна поддршка на ранливите категории граѓани, вклучувајќи стари лица, лица со попреченост, како и деца од социјално загрозени семејства. Предвидените услуги опфаќаат дневна грижа, помош во домашни услови, поддршка за независно живеење, како и образовни и лични асистенти за деца.
Јавниот повик трае до 8 август 2025 година и е наменет за општините и Градот Скопје. Невработените кои ќе бидат вклучени ќе добиваат бруто надоместок од 28.000 денари месечно во период од 18 месеци, со тоа што првите шест месеци ќе бидат финансирани од државата, а останатите од локалната самоуправа.
Министерот Дурмиши информираше и за зголемување на буџетот за активни мерки за вработување од 16,08 милиони евра на 23,57 милиони евра, како и за зголемениот опфат на корисници – за 815 нови лица во програмите за самовработување.
„Со оваа програма не само што отвораме врати за нови вработувања, туку градиме и посолидарно општество. Услугите што ќе ги добиваат ранливите категории се од суштинско значење за нивниот секојдневен живот, а истовремено невработените добиваат шанса за стабилен приход и професионален развој,“ изјави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.
Македонија
ЈП „Лајка“: Напуштањето на домашни миленици е чин што остава трајни последици врз целиот град

Напуштањето на домашни миленици, особено кучиња, не е само лична или семејна одлука – тоа е чин што остава трајни последици врз целиот град и неговото функционирање. Она што за некого е „само едно куче“, за градот станува проблем со јавно здравје, безбедност, етика и јавна потрошувачка, велат од ЈП „Лајка“:
Од таму велат дека кога сопственик ќе напушти миленик, тоа животно завршува на улица – но улицата не е природна средина за него. Градските улици полека се претвораат во несоодветни прибежишта, полни со гладни, болни и често уплашени животни кои се борат за преживување. Овие услови не се одржливи ниту за животните, ниту за луѓето.
Напуштањето на миленици има и општествени последици: слика за вредностите на заедницата.
„Кога едно општество дозволува масовно и неказнето напуштање миленици, тоа испраќа поразителна порака: дека грижата е привремена, а одговорноста – изборна. Децата растат гледајќи дека животно може да се „фрли“ кога ќе стане непрактично. На тој начин се пренесуваат погрешни вредности – дека животот е заменлив, дека посветеноста има рок на траење. Таквото однесување го разјадува ткивото на општествената солидарност. Зашто, ако не се грижиме за најранливите – што кажува тоа за нас како луѓе?“, велат од претпријатието.
Исто така, напуштањето има и економски последици: јавни средства за лична неодговорност.
„Секое напуштено животно станува товар на општинските ресурси. Стационарите се преполни, а капацитетите за вдомување и стерилизација се ограничени. Локалните власти мора да вложуваат средства во заловување, хуман третман, ветеринарна грижа, стерилизација, вакцинација… А сите тие трошоци произлегуваат од нечие лично – и неодговорно – однесување“, се наведува во соопштението.
Во него се потсетува дека напуштањето е казниво – но ретко санкционирано.
„Според Законот за заштита и благосостојба на животните во Македонија, напуштањето на миленик е казниво дело. Но во пракса, ретко кој се соочува со санкции. Без контрола на регистрација на миленици и без системска едукација, законот останува само на хартија“, велат од „Лајка“.
Според нив решението е едукација, регистрација, стерилизација, санкции.
„Напуштањето може да се спречи – но не преку осуда, туку преку: масовна едукација за одговорно сопствеништво, задолжителна регистрација и микрочипирање, достапни програми за стерилизација, јасни и применливи казни за напуштање. Кога некој ќе го напушти својот миленик, последиците ги сноси целото општество – институциите, граѓаните, децата, а најмногу самото животно. Затоа, секој чин на напуштање треба да се третира како сериозен проблем, а секој чин на грижа – како чекор напред кон подобар, похуман и покултурен град“, велат од ЈП „Лајка“.
Македонија
СДСМ: Лефков нека се скрие во дупка, се брука и себеси, но и ДПМНЕ

Откако секојдневно излегуваат информации дека целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ има резервна држава и резервен пасош, смешни се обидите на Миле Лефков да ја обвини СДСМ за било што поврзано со Бугарија или да продава лажен патриотизам, реагира СДСМ на изјавата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
„Му препорачуваме да се скрие во дупка или да си отиде во резервната држава, наместо да држи прес-конференции за тоа кој бил патриот, а кој предавник. Освен лицемерие, поделби и лажен патриотизам, ДПМНЕ нема направено ништо повеќе од една година за граѓаните и за државата. Нивното владеење е една голема нула. Затоа Лефков и Мицкоски немаат што друго да зборуваат, освен секојдневно како папагали да ги повторуваат истите прес-конференции.
Реалноста е дека ДПМНЕ има толку многу бугарски државјани во своето раководство што може, ако сака, да формира влада во Бугарија. Им порачуваме да престанат, затоа што се прочитани како буквар од граѓаните и само дополнително се заглавуваат во приказната за патриоти и предавници. Наутро ги уживаат бенефитите како граѓани на ЕУ, а попладне прават сè државата да не влезе во ЕУ. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, лаги, лицемерие и лични интереси“, пишува во реакцијата.