Македонија
ЗНМ го поздравува повлекувањето на партиските спотови со новинари

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја поздрави во неделата одлуката на двете најголеми партии, владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозицискиот СДСМ, да ги повлечат од емитување спотовите во кои новинари се користат за политичка пропаганда
Како што се наведува во соопштението ЗНМ, новото раководство изразува дека надеж дека со оваа одлука ќе се заштити дигнитетот на новинарите и ќе спречи нивно злоупотребување во пресметката меѓу партиите. „Се надеваме дека одлуката доследно ќе ја применуваат сите партии, и во иднина нема да се користат новинарите и медиумските работници во партиски цели. Изразуваме задоволство што двете партии го прифатија нашето укажување дека од ваквиот начин на комуникација сите сме губитници“, се наведува во соопштението на ЗНМ, од каде изразуваат подготвеност да придонесат во создавањето на коректниот демократски амбиент. Исто така, здружението на новинарите ги охрабрува колегите да поддржат политичка дебата заснована на факти наместо етикетирање, во која личните навреди ќе бидат заменети со меѓусебно почитување./крај/со/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возиво, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.
Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. Материјалната штета изнесува 9000 денари, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска Кисела Вода и Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, информира дека денеска ќе има прекин на водоснабдување на улицата Невена Георгиева Дуња поради изведување на водоводен прикључок од Ф100.
Без вода ќе бидат корисниците од улицата Невена Георгиева Дуња, улицата Дренак, улицата Виктор Иго и улицата Драга Стојановска во општина Кисела Вода. Прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 09 часот до завршување на санирарањето.
Oд 09 часот поради изведување на водоводен приклучок Ф100 мм на улица Демир Трајко 64а ќе има прекин на вода на следните улици Демир Трајко, дел од улицата Ванчо Мицков и булеварот Партизански Одреди на Крак 1, 3, 5, 7, 9, 11 до завршување на истиот, општина Карпош.