Македонија
По дваесет години сменет Муратовски од УПОЗ

Досегашниот генерален секретар на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Пецо Грујовски е новиот претседател, кој беше изгласан на шестото собрание на овој синдикат
Изборот на Пецо Грујовски беше едногласно прифатено од членовите со што по 20 години беше сменет Ванчо Муратовски, досегашен претседател на УПОЗ.Грујовски по неговото избирање изјави дека Синдикатот ќе се тргне од политиката и и порача на Владата да седнат на маса и да ги разгледаат сите проблеми со кои се соочуваат работниците.„Нема да се плашиме да организираме штрајкови, доколку тоа е потребно“, рече Грујовски.Муратовски рече дека и покрај тоа што УПОЗ не е по мерка на Владата, тие и понатаму ќе се борат за правата на работниците.„Владата покажува незаинтересираност за нашите барања, КСС беше прифатен како репрезентативен, односно Владата си одбра Синдикат по мерка бидејќи УПОЗ не молчеше на нејзините глупостите што беа правени овие шест години“, рече Муратовски. Грујовски беше единствен кандидат за претседателство на УПОЗ кој беше предложен од 80 отсто од синдикалните организации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Од 1 јули летен времен режим за движење на товарни возила при екстремно високи температури

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, соопшти АМСМ.
„Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот“.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје (со важност до 01 септември) се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Македонија
Временска најава: утре пороен дожд и грмежи

Утре ќе се задржи многу топло време. Во попладневните и вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, грмежи и појава на град, информира УХРМ.
Во Скопје, утре во попладневните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме.
УХРМ препорачува во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Во деновите од викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневните температури за 5-7 степени во споредба со денешните.
Од понеделник дневните температури повторно ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
МНР: Конзулатот во Солун е во комуникација со семејството на починатото момче за транспорт на телото

Конзулатот е во редовна комуникација со семејството на починатото лице, со цел завршување на сите неопходни административни процедури за транспорт на телото во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за надворешни работи и трговија, по веста за смртта на 19-годишното момче на плажа во Ханиоти.
„Ве информираме дека до македонскиот Конзулат во Солун е доставена информација дека на плажа во близина на Халкидики животот го загубил 19-годишен македонски државјанин. Конзулатот е во редовна комуникација со семејството на починатото лице, со цел завршување на сите неопходни административни процедури за транспорт на телото во Република Северна Македонија“, соопшти МВР.