Македонија
Презентирани платформите на амбасадори на Македонија, за Турција и Бугарија

Новоименуваните амбасадори на Македонија за Турција, Горан Тасковски и за Бугарија, Благој Ханџиски денеска презентирајќи ги своите програми за нивната работа, истакнаа дека ќе се залагаат за промоција на интересите на Македонија. И двајцата истакнаа дека ќе се залагаат за добрососедски односи, унапредување, развивање на севкупната соработка и промоција на економските интереси на Македонија. Тасковски рече дека ќе работи за афирмација и промоција на Македонија во Турција. Посочи дека ќе вложи и во спортот, бидејќи на тоа поле како што рече до сега двете земји немале соработка. „Ќе вложам многу и во спортот, тој е најголем амбасадор, а досега ние со оваа држава на тоа поле сме немале соработка. Ќе се потрудам да се поврзат наши и нивни клубови и поединци од сите спортови“, рече Тасковски. Ханџиски посочи дека во соседната Бугарија ќе лобира за привлекување на инвестиции во земјава и поддршка за полноправно членство во ЕУ и НАТО, формирање на мешовити комисии за решавање на спорните моменти од минатото и обезбедување на подобри конзуларни услуги. По нивното излагање и презентација на платформите, требаше да следи дебата за понудената програмата, но пратеникот кој ја водеше Комисијата, Васко Шутаров даде полчасовна пауза и најави нејзино продолжение./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МНР: Конзулатот во Солун е во комуникација со семејството на починатото момче за транспорт на телото

Конзулатот е во редовна комуникација со семејството на починатото лице, со цел завршување на сите неопходни административни процедури за транспорт на телото во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за надворешни работи и трговија, по веста за смртта на 19-годишното момче на плажа во Ханиоти.
„Ве информираме дека до македонскиот Конзулат во Солун е доставена информација дека на плажа во близина на Халкидики животот го загубил 19-годишен македонски државјанин. Конзулатот е во редовна комуникација со семејството на починатото лице, со цел завршување на сите неопходни административни процедури за транспорт на телото во Република Северна Македонија“, соопшти МВР.
Македонија
ДУИ за Предлог-законот за правична застапеност: Институционална измама

Демократската унија за интеграција загрижена поради усвојувањето на Предлог-законот за правична и соодветна застапеност од страна на Владата, закон кој, според оваа партија, суштински не нуди решение, туку манипулира, продлабочувајќи ги нееднаквостите во застапеноста и избегнувајќи ги уставните обврски.
„Јавното дистанцирање на албанскиот член на работната група, проф. д-р Мерсим Максути, е најјасен аларм дека овој предлог-закон е неуспешен во својата основа. Во своето издвоено мислење, Максути го оцени предлог-законот како скандалозен, неприменлив и противуставен, осудувајќи го отсуството на квоти за помалку застапените заедници, слабите механизми за имплементација и потпирањето на политичка волја, наместо на законски обврски“, се истакнува во соопштението.
Законот, како што оценуваат од ДУИ, не гарантира никакви квоти за застапеност на етничките заедници, релативизирајќи го колективното право на застапеност преку нејасни и исклучувачки критериуми како „професионалност“ и „компетентност“, исто како пред 2001 година.
„Предложеното Координативно тело е фарса, немоќно, без јасно дефинирано политичко водство и без реални овластувања да бара одговорност од институциите што го прекршуваат законот.
Законот е изготвен врз интересите и идеите на Каракамишева, а не врз реалните потреби на дискриминираните граѓани. Тој е усвоен само за да се испрати до Венецијанската комисија, заобиколувајќи ја внатрешната јавна дебата. Недостигот на санкции и правна одговорност го прави овој закон пропаганден документ, без обврзувачка сила и без реално влијание врз подобрување на застапеноста.
Референцата на одлуката на Уставниот суд е злоупотребена за да се оправда избегнувањето на квотите. Уставот на РСМ, преку Aмaндманот VI, јасно го гарантира правото на правична и соодветна застапеност како колективно право кое не може да се релативизира со слаб закон“.
ДУИ смета дека јавното отфрлање на овој закон од страна на Максути е јасен показател дека ова не е закон на сите граѓани на РСМ, туку централизирана алатка дизајнирана за да ја заштити дискриминаторната статус-кво состојба.
„Ние остануваме верни на Охридскиот договор, на Уставот на државата и на темелното право на секој граѓанин за правична и соодветна застапеност во јавните институции. За нас, застапеноста не е политичка опција, туку уставна и морална обврска.
Македонија
Синдикат на култура: Работници немаат добиено плата за мај, инструкции се даваат по телефон

Две институции од областа на културата, НУ Стоби и ЈУ Универзална сала, немаат плата за мај. Причината лежи во тоа што Министерството за култура одбива да ги почитува одлуките на Управните одбори на овие институции и бара платите да се исплатат спротивно на Колективните договори и важечката законска регулатива, велат од Синдикатот на културата.
Од таму велат дека новото име на Министерството за (култура) и туризам е „нема плата“.
Синдикатот тврди дека од Министерството за култура телефонски се даваат инструкции за пресметка на платите спротивно на одлуките на Управните одбори, со образложение дека тоа било наложено од Министерството за финансии.
Со ова, велат од Синдикатот, ги става директорите под ризик да бидат обвинети за непочитување на законските одредби.
„Безобразието оди дотаму што, кога институциите уредно ќе побараат писмен документ како основа за такви противзаконски насоки, одговорот е закана: ‘нема да земете плата со месеци’. Со тоа, покрај кршењето на правото на плата, се загрозува и правото на здравствено осигурување по 30 јуни“, се вели во соопштението.
Од Синдикатот велат дека министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, останува пасивен набљудувач на ситуацијата, свесен дека Министерството за култура во континуитет ги крши законите на штета на културните работници.
Синдикатот бара од Министерството за култура веднаш да ги исплати платите согласно одлуките на Управните одбори, а доколку повторно се повика на Министерството за финансии како кочничар на исплатата на платите согласно закон, Синдикатот бара јавно да ги објави одредбите со кои ќе бидат поткрепени овие тврдења дека исклучиво Министерството за финансии е одговорно за кратењето на правото на плата на вработените во културата.