Македонија
Започна традиционалниот Новогодишен базар
Пред Градскиот трговски центар во Скопје, стартуваше Новогодишниот базар кој го организираат Градот Скопје, Македонски телеком, Т-Мобиле, и Македонско-Германското стопанско здружение.Почнувајќи од денеска на големиот христијански празник Божик, па се до 1-ви јануари, Скопјани ќе можат да уживаат во новогодишниот базар на кој ќе бидат претставени автентични германски производи, ќе има многу пиво и се разбира ќе се служат и традиционалните германски колбаси. Новогодишната ноќ ќе биде дочекана со прослава на плоштадот “Македонија“ каде на 31 декември граѓаните ќе можат да ја испратат старата 2010 година заедно со музички ѕвезди од Македонија и Балканот.„Гледајќи по првичните реакции на граѓаните сметам дека овој новогодишен базар е многу добро прифатен. Преку овој базар ќе се претстави германската култура, германскиот начин на живеење, но секако нема да бидат запоставени и македонските производи“, рече градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, кој исто така им го честита и Божикна припадниците на католичката вероисповед.Новогодишниот базар за посетителите ќе биде отворен секој ден од десет до еден часот по полноќ./крај/макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина и тоа:
· во период од 06:00-10:00 часот корисниците на улицата Пајак, улицата Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие), општина Центар;
· во период од 08:30-14:30 часот корисниците на дел од улицата Радишанска, општина Бутел;
· во период од 09:00-12:00 часот корисниците на улицата 29 Ноември бр.37, општина Центар;
· во период од 09:00-14:00 часот корисниците на дел од улицата Урош Џудовиќ, општина Карпош.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
Облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Денеска ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен дожд, во југозападните делови над 15 l/m², а на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Нови врнежи ќе има и во текот на седмицата кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег. Од денеска ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.

