Македонија
Одбраната на Рамковски нема да го обжали решението за притвор
Адвокатот на Велија Рамковски и на другите управители од случајот „Перо Наков“ нема да поднесе жалба на решението за притвор што им го одреди истражниот судија во петокот вечерта
„Не верувам дека кривичниот совет ќе ја уважи жалбата, не верувам во институциите, со тоа само би им го пролонгирал притворот на луѓето. По се што се случи не верувам дека жалбата ќе се уважи“ вели адвокатот Мирослав Вујиќ.За него не е во ред и тоа што во судот за време на исказот се појавила и претседателката на Основниот суд. Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи распиша интерна потерница по синот на Велија Рамковски, кој се уште е недостапен за истражните органи.Потерницата е распишана бидејќи полицијата имала оперативни сознанија и информации дека лицето по кое што се трага се уште се крие на локации низ Македонија.Освен по синот на Рамковски полицијата трага и по другите странски државјани кои беа опфатени со кривичната пријава за случајот „Пајажина“, а се во бегство.Истражниот судија синоќа пред полноќ по десетчасовен распит им одреди триесетдневен притвор на 14 од осомничените меѓу кои и на сопственикот на А1 телевизија, Велија Рамковски, неговата ќерка, директорката на А1 телевизија, како и поранешниот директор на А1 телевизија. Притвор во отсуство му беше одреден и на неговиот син и на уште четворица странски државјани.Во петокот осомничените беа пренесени во истражниот затвор во Шутка. Дел од притворените се бранеле со молчење, а дел дале исказ пред истражниот судија.Во акцијата која што полицијата ја нарече „Пајажина“ се осомничени вкупно 23 лица. Тие се сомничат за злосторничко здружување, даночно затајување, перење пари. Според органите на прогонот, десет фирми нелегално заработиле околу 18 милиони евра, а со неплаќањето данок државниот буџет го оштетиле за околу 4 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, СДСМ 19, Европски фронт 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5 мандати
Државната изборна комисија ги објави првичните резултати за парламентарните избори, а бројките ги потврдија пресметките на партиските штабови.
„На ниво на држава по мандати коалицијата ’Твоја Македонија’ со ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, коалиција ’За европска иднина’ со СДСМ 19 мандати. Коалицијата ’Европски фронт’ има 18 мандати, коалиција ВЛЕН 13 мандати, политичка партија Левица 6 мандати и ЗНАМ 5 мандати. Може да се случат некои мали промени да претрпат овие бројки. 94,05 е голем процент на обработени податоци, не верувам дека ќе има некои сериозни промени. Тоа ќе го знаеме веќе утре“, рече претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.
Вечерва почнаа да течат и рокови за приговори за парламентарните избори. Приговори за текот на гласањето може да се поднесат до 19 часот на десетти мај, а приговори за сумирање и утврдување резултати до 23.30 часот исто така на десетти мај.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ја слави двојната победа, Мицкоски порача: Сите кои што мислеа дека можат да ја уништат Македонија, завршија на буниште
Членовите на партијата ВМРО-ДПМНЕ, заедно со своите симпатизери ја слават победата на претседателските и парламентарните избори на плоштадот во Скопје.
На насобраните луѓе им се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ја ослободивме Македонија. Сите тие кои што мислеа дека можат да ја ограбат Македонија, да ја понижат, да ја уништат, денеска завршија на буниште, а набргу ќе одговараат“, порача тој.
Мицкоски претходно ги повика граѓаните да дојдат на плоштадите низ сите градови на Македонија заедно да ја прослават победата.
Македонија
Ахмети: ДУИ е втора сила во државата
ДУИ е втора сила во државата, изјави вечерва лидерот на интегративците, Али Ахмети.
„Ние Европскиот фронт сме втора сила во државата. Ние всушност го имавме ВМРО-ДПМНЕ како главен противник, затоа што ВМРО многу му помогна на Влен, но разликата помеѓу Европскиот фронт и Влен е преку 30.000 гласови“, рече Ахмети.
Според официјалните податоци на ДИК, ДУИ освои 18 мандати, коалицијата Влен освои 13 мандати.
ВМРО-ДПМНЕ која извои убедлива победа со 59 пратеници и ќе го добие мандатот за формирање Влада, најави дека ќе почне преговори со Влен за коалицирање. Партискиот лидер, Христијан Мицкоски и вечерва повтори дека е време ДУИ да замине во опозиција.