Македонија
Офицери за заштита на лични податоци и камери во општините
Општините се должни да определат лице, за заштита на лични податоци, наречено офицер, да донесат акти за видео надзор во општините и да донесат акти за технички организациски мерки за заштита на лични податоци со целосна документација
Ова е предвидено со новите измените и дополнувањата на Законот за лични податоци, кои ЗЕЛС и Дирекцијата за заштита на лични податоци на денешната конференција им ги презентира на општините.Според законот, лицето кое ќе се определи за офицер за заштита на личните податоци треба да учествува во донесувањето одлуки поврзани со обработката на личните податоци, да ја следи усогласеноста со законот околу обработката на личните податоци и да обезбеди тајност и заштита на обработката на податоците. Освен тоа офицерот ќе биде задолжен да ги изработува внатрешните прописи за заштита на податоците и да ја координира контролата.Според директорот на Дирекцијата за заштита на лични податоци Димитар Ѓеоргиевски, Законот за заштита на податоците е една од алките на системот кои општините треба да го почитуваат.„Општините со своите надлежности во наредниот период ќе имаат многу повеќе одговорности за тоа на кој начин се комуницира со физичките и правните лица во поглед на остварување на нивните права и интереси за штитење на нивните елементарни уставни и човекови права, како што е и правото на приватност“ – вели Ѓеоргиевски.Според Ѓеоргиевски, поставувањето на камери значи безбедност и превенција, што треба да обезбеди функционирање, ажурност и зголемување на квалитетот во работењето на институциите и на општините.„Затоа ќе инсистираме согласно законот за лични податоци општините да имаат внатре донесено соодветни акти кои ќе произлегуваат од подзаконските акти каде што точно е нормирано дека секоја просторија треба да биде означена дека се снима и да биде означено дека одредени податоци се чуваат одредено време, согласно законот најмногу 30 дена“ – вели ЃеоргиевскиЗаконот за заштита на податоците е целосно усогласен со европските прописи. Тој дозволува поставување камери на сите места, освен на приватни места, како што се гардероби, тоалети и слично.Ѓеоргиевски вели дека законот дозволува поставување на камери, но да мора да биде оправдано значењето на поставување на камерите на таквото место.Законска обврска за образованието на офицерот не постои, но Дирекцијата препорачува тоа да биде правник или информатичар.Повеќе од општините веќе имаат поставено системи за видео надзор, а задолжително ќе биде донесување на правилник за начинот околу снимањето и за тоа кој ќе има пристап до тие снимки „Општините во Македонија во целост го имплементираат законот за даноци на имот, што значи голем број на податоци, лични податоци на граѓаните, како и на фирмите. Има и други елементи кои се во одговорност на општините, што значи какви знаци треба да има на местата каде се снима со камера, какви треба да им бидат релациите со медиумите при спомнување на лични имиња“ – вели Душица Перишиќ, извршен директор на ЗЕЛС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина и тоа:
· во период од 06:00-10:00 часот корисниците на улицата Пајак, улицата Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие), општина Центар;
· во период од 08:30-14:30 часот корисниците на дел од улицата Радишанска, општина Бутел;
· во период од 09:00-12:00 часот корисниците на улицата 29 Ноември бр.37, општина Центар;
· во период од 09:00-14:00 часот корисниците на дел од улицата Урош Џудовиќ, општина Карпош.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
Облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Денеска ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен дожд, во југозападните делови над 15 l/m², а на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Нови врнежи ќе има и во текот на седмицата кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег. Од денеска ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.

