Контакт

Македонија

Верските заедници бараат уставни измени

Објавено пред

dobivaj vesti na viber

Поглаварите на верските заедници на денешната пред празнична средба предложија иницијатива за измени и дополнувања на Член 40 од Уставот на Република Македонија, со кој експлицитно ќе се дефинира бракот како заедница на еден маж и една жена. „Загрижени од наводните демократски дебати и принципи, ние, претставниците на црквите, верските заедници и религиозни групи во Република Македонија, сметаме дека е потребно бракот како институција да биде афирмиран и уставно дефиниран како заедница на еден маж и една жена. Од аспект на социјална грижа, пак, предлагаме децата без родители да можат да бидат посвојувани само и единствено од лица од различен пол, кои се во законски брак, како и од самохран родител“, се вели во соопштението достапно на веб сајтот на МПЦ. Верските заедници упатија апел до граѓаните и до пратениците во Собранието на Република Македонија, за широка поддршка на нивната иницијатива. На ова експресно реагираа дел од пратениците во Собранието. Владо Бучковски од СДСМ изјави дека ваквите постапки дефинитивно покажуваат дека МПЦ и владата на Груевски се во брак што е опасно за карактерот на државата каде се промовира дека црквата е одвоена од државата. „Кога се отвораат прашања за измени на Уставот најмалку повикана е МПЦ да дава предлози. Сметам дека се нанесува штета генерално на карактерот на државата, каде што ние пред се го почитуваме атеизмот како принцип, а во Уставот е загарантирана слободата на вероисповест. Ако се одвоени црквата и државата сметам дека ова е еден непримерен потег што го прави црквата и влегува директно во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ која ја води Влатко Ѓорчев, што наидува на серија критики во делот на нетолеранцијата на нашето општество и дискриминацијата кон дел од популацијата“, рече Бучковски кој додаде дека ваквите потези се „опасен филм за Македонија“.Сафет Незири од ДУИ изјави дека околу овие прашања треба да се биде внимателен. „Ако се реши да се отовори Уставот сметам дека треба да има еден поширок консензус за вакви промени“, рече Незири. Владејачката партија пак вели дека не гледа никаков проблем во тоа што иницијативата доаѓа од верските заедници.„Не сме информирани за таква иницијатива на верските заедници, но нивно право и должност е дадат и посветат внимание на државата за важни општествени прашања.  Бракот како заедница на маж и жена е еден од легитимните интереси на верските заедници  кои се грижат за здравјето на граѓаните и нацијата, но и за зачувување на моралните вредности  кои се традиција во Македонија кај сите верски заедници“, рече Александар Спасеновски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ./крај/ко



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина и тоа:

dobivaj vesti na viber

· во период од 06:00-10:00 часот корисниците на улицата Пајак, улицата Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие), општина Центар;

· во период од 08:30-14:30 часот корисниците на дел од улицата Радишанска, општина Бутел;

· во период од 09:00-12:00 часот корисниците на улицата 29 Ноември бр.37, општина Центар;

· во период од 09:00-14:00 часот корисниците на дел од улицата Урош Џудовиќ, општина Карпош.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег

Објавено пред

Облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Времето во наредните денови

Денеска ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен дожд, во југозападните делови над 15 l/m², а на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Нови врнежи ќе има и во текот на седмицата кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег. Од денеска ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 минути

Врските на Епстин со Силиконската долина биле многу повеќе од комуникација само со Гејтс и Маск

Најновото објавување на милиони документи од Министерството за правда на САД поврзани со осудениот педофил Џефри Епстин фрли нова светлина...

Европа1 час

Празната украинска амбасада во Москва казнета поради неплаќање струја

Московскиот суд ѝ наложи на украинската амбасада во Русија, која е затворена од почетокот на руската инвазија во февруари 2022...

Европа2 часа

(Видео) Моќен напад со дронови врз Одеса: погодена зграда, едно лице загина

Руските сили извршија серија напади со ракети и беспилотни летала врз неколку украински градови во текот на ноќта. Во Одеса,...

Европа2 часа

Зеленски: Русија секојдневно ја напаѓа нашата железничка инфраструктура

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија речиси секојдневно ја напаѓа железничката инфраструктура на Украина, но дека Киев сè уште...

Македонија3 часа

Почувствуван земјотрес во Тетово и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 23...

Македонија16 часа

Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани тоалети – синдикатот алармира по појавата на шуга во велешката касарна

Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“...

Македонија17 часа

Српската полиција се огласи по киднапирањето на Даниел Кајмакоски: Се трага по двајца осомничени

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека полицијата трага по две лица осомничени за киднапирање на македонскиот пејач Даниел...

Македонија19 часа

(Видео) Договорено покачување на платите за околу 11.000 административци до 2028 година

Околу 11.000 вработени во јавната администрација, судовите и обвинителствата ќе добијат покачување на платите од речиси 40 отсто до 2028...

Македонија20 часа

Кајмакоски е дома; Рашиќ: „Смирено и храбро се соочил со киднаперите, но му треба мир“

Mиланка Рашиќ, која е задолжена за односи со јавноста за Даниел Кајмакоски, соопшти дека разговарала со него по ноќта помината...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ реагира: Заев се јави во одбрана на својот криминал, тој е таткото на бизнисот со канабис

Олицетворението на криминалот, главата на октоподот во корупцијата и лидерот на СДС од сенка, Зоран Заев се јави во одбрана...

Македонија23 часа

Заев се закани со тужба, тврди дека не е поврзан со конфискацијата на канабисот и облакодерите во Дубаи: „Шират лаги и клевети“

Поранешниот премиер Зоран Заев преку статус на Фејсбук порача дека по пет години молк, сега е подготвен да одговори со...

Култура1 ден

Почина Бред Арнолд – пејачот на американскиот бенд 3 Doors Down

Бред Арнолд, пејачот и основач на американскиот рок-бенд 3 Doors Down, најпознат по хитовите „Kryptonite“, „When I’m Gone“ и „Here...

Свет1 ден

Во Дубаи уапсен сторителот на обидот за атентат врз рускиот генерал Алексеев, ФСБ уапси и соучесник во Москва

Сторителот на обидот за атентат врз генерал-полковникот на руската воена разузнавачка служба, Владимир Алексеев, беше приведен во Дубаи и предаден...

Свет1 ден

(Видео) Протести против Зимските олимписки игри во Милано: демонстрантите фрлаа димни бомби и шишиња кон полицијата

Илјадници луѓе се собраа во Милано на протест против Зимските олимписки игри само еден ден по церемонијата на отворање во...

Македонија2 дена

(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат

Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на...

Македонија2 дена

Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло

Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад...

Македонија2 дена

(Видео) Петрушевски: Од 27 тони запленета дрога, повеќе од две третини е на фирма на соработник на Зоран Заев

Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев, рече денес...

Македонија2 дена

Левица ќе иницира разрешување на Ристовска, имаат информации за понижување, викање и навреди во ДКСК

Наместо да ја насочи својата енергија кон расчистување на корупцијата, членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета...

Свет2 дена

Низ разузнавачките канали протекоа детали за „Дмитриев пакет“, вреден е 12 трилиони долари, вели Зелениски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека постои ризик САД и Русија да склучат билатерални договори кои се однесуваат на Украина,...

Свет2 дена

Судот нареди на администрацијата на Трамп да врати од Хондурас три депортирани семејства и да ги плати трошоците за враќање

Окружниот суд во Сан Диего пресуди федералната влада на САД да ги врати трите семејства од Хондурас, наведувајќи дека нивното...