Македонија
Шпаркасе Банка донираше 500.000 денари на средното музичко училиште
Новите музички инструменти и опрема во вредност од 500.000 денари (8.100 евра) доби Државниот музички и балетски училишен центар „Илија Николовски Луј“, како донација од Шпаркасе Банка Македонија.Со средствата од донацијата набавени се три дигитални пијанина, седум виолончела, класична гитара, флејта, труба, синтисајзер, добош со сталак и два камертони.Од музичка опрема: 40 пултеви за ноти, седум гудала за жичани инструменти и две муштици за тромбон. Инструментите се од реномираниот јапонски производител „Јамаха“.Како што појасни претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија, Срѓан Крстиќ банката се одлучила на 29 декември да додели донација, бидејќи на тој ден пред 18 години добила дозвола за работа во Македонија, најнапред како Инвестбанка, за да годинава се ребрендира.„По тој повод Државниот музички и балетски училишен центар „Илија Николовски Луј“ во Скопје, беше избран како добитник на донацијата од 500.000 денари за набавка или обнова на инструментите кои се неопходни за едукацијата на децата од основното и средно образование во ова музичко училиште“, изјави крстиќ.Директорот на ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ Зоран Џорлев, ги истакна успесите, но и потребите на Државниот музички и балетски училишен центар, за обнова и обезбедување адекватни музички кабинети, инструменти и повеќе кадри. „ Се надевам дека Шпаркасе Банка ќе биде пример за сите филантропи и поддржувачи на уметноста со цел да заживее поимот „Уметничко образование“ во вистинска смисла на зборот, наместо „стручно образование“, рече Џорлев. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Визер“ привремено ги прекинува летовите кон повеќе дестинации на Блискиот Исток
Авиокомпанијата „Визер“ соопшти дека поради неодамнешната ескалација на безбедносната состојба во Иран ги суспендира сите летови кон и од Израел, Дубаи, Абу Даби, Аман и Саудиска Арабија, заклучно со 7 март.
Од компанијата информираат дека континуирано ја следат состојбата и се во постојан контакт со локалните и меѓународните власти, агенциите за безбедност во воздухопловството и други релевантни институции. Во зависност од развојот на ситуацијата, можно е да бидат донесени дополнителни оперативни одлуки и да дојде до измени во распоредот на летови.
„Визер“ наведува дека ќе ги информира патниците за сите очекувани промени што е можно поскоро. Патниците кои направиле резервација преку трети страни треба да се обратат директно до нив за дополнителни информации.
Од компанијата нагласуваат дека безбедноста и сигурноста на патниците, екипажот и авионите останува нивен највисок приоритет. Патниците со засегнати резервации ќе бидат директно контактирани со информации за достапните опции.
Македонија
Општина Илинден објави јавен повик за субвенционирање на велосипеди
Општина Илинден и оваа година објавува Јавен повик за доделување субвенции за набавка на велосипеди, во рамки на Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани за 2026 година.
Со мерката се предвидува еднократна парична помош за жителите кои имаат постојано место на живеење на територијата на општината, а кои ќе набават нов велосипед во периодот од 02 март до 30 април 2026 година.
Целта на повикот е поттикнување на користењето велосипеди како еколошко превозно средство, како и унапредување на сообраќајната култура и заштитата на животната средина.
Финансиската поддршка изнесува 50 проценти од вредноста на купениот велосипед, но не повеќе од 4.000 денари по лице. Барањата ќе се разгледуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“, односно според датумот и времето на нивното пристигнување.
Сите дополнителни информации заинтересираните граѓани можат да ги добијат на официјалната веб страница на Општина Илинден ([email protected]), како и во просториите на Општината.
Македонија
Минималната плата се зголемува за 1.667 денари
Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши.
Бруто платата за 2025 година беше 36.037 денари, а за 2026 година е 38.507 денари бруто односно 26.046 денари нето.
Дурмиши кажа дека со ова, платата се зголемува за 2.470 денари бруто односно за 1.667 денари нето.
Дурмиши појасни дека усогласувањето на минималната плата се врши секоја година во март врз јасно утврдена формула, 50 отсто од порастот на просечната нето плата исплатена од минатата година и 50 отсто од порастот на индексот на трошоците за живот според официјалните податоци од Ддржавниот завод за статистика.
Според објавените податоци, просечната исплатена нето плата бележи пораст од 9,6 проценти, додека индексот на трошоците за живот бележи пораст од 4,1 процент.

