Македонија
Претседателот Иванов оствари средба со преставниците на ДКП
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денес оствари работна средба со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва и мисии на Република Македонија во странство.На средбата Претседателот Иванов од македонските дипломати беше информиран за активности извршени во текот на 2010 година. Претседателот оцени дека македонската дипломатија генерално била ангажирана во исполнувањето на главните стратегиски задачи. Претседателот го истакна продлабочувањето на партнерските односи со повеќе држави и институции; успешното претседавање со Комитетот на министри на Советот на Европа, потврдената препорака на Европската Комисија за македонската подготвеност за отпочнување на преговорите за полноправно членство во Европската Унија и повеќе други постигнувања во годината што изминува.Претседателот Иванов додаде дека сепак, останува уште многу да се направи за да се исполнат очекувањата на граѓаните. Според Претседателот, македонските акредитирани дипломати треба да добијат можност поактивно и послободно да ги застапуваат интересите на Република Македонија, согласно утврдените приоритети на надворешната политика. Претседателот Иванов истакна дека во овие напори и активности дипломатите ќе ја имаат неговата конкретна и целосна подршка. крај/со/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

