Македонија
Димовски: Политиката да остане настрана од тутунопроизводителите
Политиката да остане настрана од тутунопроизводителите, затоа што носи само штета, порача министерот за земјоделство Љупчо Димовски.„Државата не го откупува тутунот, но ќе ги превземе сите неопходни мерки за да го спречи понатамошното девалвирање на трудот на тутунопроизводителите. Ова треба да им биде јасно на оние кои ги заведуваат тутунопроизводителите и си поигруваат со нивниот труд, спречувајќи ги да го предадат тутунот и да го остварат правото на субвенции“ – рече Димовски на денешната прес конференција.Димовски истакна дека евидентирани групи насилници ги заплашуваат и спречуваат тутунопрозведувачите да го предадат тутунот во откупните пункотови „Апелирам да престанат блокадите на улиците, железничките колосеци и на граничните премини, да престанат инцидентите на откупните пунктови, да престанат убедувањата на тутунарите да не се носи тутунот на откуп и покрај тоа што законската обврска за исплата на субвенциите претставува токму неговото предавање“ – рече Димовски.Според него повисоката откупна цена ќе се измери на самите ваги во присуство на поверениците и легалните претставници на тутунарите и инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство.Димовски потсети на бесплатната телефонска линија на Министерството за земјоделство 0800 11 000 која е отворена за пријавување на сите неправилности и забелешки. Според статистичките податоци најниската просечна откупна цена на тутунот е евидентирана во 2003 година кога килограм се откупувал за 78 денари, без какви било субвенции, а во 2005 година откупната цена изнесувала 125 денари со субвенции од 15 денари од килограм.Од тутунопроизводството денеска егзистираат над 35 илјади семејства, односно околу 200 илјади лица„Државата придава големо значење на тутунопроизводството, бидејќи претставува една од најзначајните агроиндустриски култури со учество од 43 проценти во вкупниот агроизвоз со над 80 милиони долари девизен прилив“- додаде Димовски. крај/ к.с.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Осмомартовски марш во Скопје со порака „Нема да нè снема“
По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Платформата за родова еднаквост повика на традиционален марш за женски права што ќе се одржи во Скопје.
Според соопштението, маршот ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена Борец“, а ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, како симболичен чин на протест против, како што се наведува, „фактичкото и фигуративното бришење на жените во општеството“.
Организаторите посочуваат дека слоганот „Нема да нè снема“ ја изразува борбата на жените за опстанок и безбедност во систем кој, според нив, често не ги штити од насилство и ги остава на маргините на општеството. Се наведува дека женската работа често е невидлива, помалку платена и недоволно заштитена, а особено ранливи се жените што работат хонорарно, кои често немаат здравствено, социјално и пензиско осигурување.
Платформата за родова еднаквост посочува и на зголемен број случаи на родово базирано насилство и фемициди, нагласувајќи дека институционалните пропусти оставаат многу жени без заштита и правда.
Со маршот на 8 март, организаторите повикуваат граѓаните да се приклучат и заедно да испратат порака дека жените ќе продолжат да се борат за еднаквост, безбедност и достоинство.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.

