Македонија
ЛДП: Проблемот со тутунот е економски, а не политички
Владата наметнува впечаток во јавноста дека проблемот со откупот на тутунот е политички, со што ја избегнува дебатата за суштинските прашања поврзани со цената на тутунот
Ова денеска на пресконференција во Скопје го изјави членот на ЛДП Слободан Најдовски упатувајќи апел престојната собраниска седница да биде достоинствена и посветена исклучиво на проблемите со откупот на тутунот.„Производителите на тутун не смеат да бидат ниту монета за политички поткусурувања, ниту пак средства за меѓупартиски препукувања“, укажа Најдовски.ЛДП обвинува дека негативните состојби во откупот на тутунот од реколтата во 2010 се резултат на ненавременото реагирање на Владата, која не ги исполнила дел од своите обврски предвидени со закон, почнувајќи од склучување на договорите, па се до откупот.„Тврдењата на Владата дека ова е проблем помеѓу приватни субјекти не се точни бидејќи тутунот е еден од ретките производи каде државата има одлучувачка улога, и одтука произлегува одговорноста, но и обврската на Владата за надминување на негативните состојби со откупот на тутунот“, вели Најдовски. Тој го повика премиерот Никола Груевски да се вклучи во преговорите помеѓу откупувачите и производителите за што поскоро да се постигне договор, а им предложи на останатите политички партии со свои конкретни предлози да придонесат за надминување на проблемот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

