Македонија
Намалена бројката македонски азиланти во Германија
Бројот на поднесени барања за азил во декември во Германија бележи осетно намалување, при што драстично намалување се бележи на бројот на азиланти од Македонија и Србија, пишува „Зидојче цајтунг“.
Според најновите статистички податоци, бројот на поднесени барања за азил во Германија на македонски државјани во декември е намален за дури 75 отсто. Бројот на азиланти од Србија е смален за 39 отсто, додека вкупниот број на азиланти е намален за 20 отсто.Германскиот весник пишува дека во 2010 година вкупно биле поднесени 41.332 барања за азил, што е речиси двојно повеќе во однос на претходната година, кога биле евидентирани 27.650 барања.Кон ваквиот енормен пораст на бројот на азиланти, најмногу придонесоа граѓаните на Македонија и Србија, кои биле најбројни азиланти во Германија во текот на изминатата година, пишува весникот.„Зидојче цајтунг“. потсетува дека ЕУ кон крајот на 2009 година ги укина визите за државјаните на Македонија, Србија и Црна Гора, по што десетици илјади граѓани се обидоа да обезбедат престој во некоја од европските држави, поднесувајќи барања за азил.Поради тоа, владата во Берлин побара од Скoпје и Белград да превземат мерки како би ги оневозможиле лажните азиланти да патуваат во ЕУ, а Германија ја укина и помошта за повраток од 200 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја утре делови од Аеродром, Кисела Вода и Сарај
Без електрична енергија утре ќе бидат дел од корисниците од општините Аеродром, Кисела Вода и Сарај, а задутре корисниците од општина Карпош.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија, утре од 7:00 до 16:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Божин Николов“, „Хаџи Трајко“ и „Горно Лисиче“, во делот кон селото Долно Лисиче.
Од 8:30 до 16:00 часот, корисниците од објектите во околината на Езеро – Треска во Сарај, а од 11:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата „Милан Мијалковиќ“.
Во вторник, 24 декември, од 19:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата Струшка во Општина Карпош.
Македонија
Дел од Сопиште без вода, цистерна ќе кружи низ улиците
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираше дека поради дефект на водоводна цевка во близина на Црквата Св. Мина во населба Сопиште, водоснабдувањето е прекинато за дел од корисниците.
Почнувајќи од 18:00 часот без вода се: улица 1, непарните улици 3, 5, 7 и 9, како и парните улици 8, 10, 12, 14 и 16.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.
Од Јавното претпријатие информираат дека е обезбедена цистерна со питка вода која вечерва и утре ќе кружи низ овие улици во населбата.
Македонија
Три метларки од БРАКО за почисто Кавадарци
,,За почисто Кавадарци” и ,,Произведено во Македонија” се натписите на новите возила метларки кои почнаа да го чистат Кавадарци. Општина Кавадарци набави три метларки-свипери од домашно производство, односно од марката Грин Машинс на БРАКО и со оваа набавка, машинскиот парк на комуналното претпријатие сега е зголемен со три нови возила, кои се ефикасни и економични, а предност е што одржувањето и сервисирањето го обезбедува самиот производител кој се наоѓа во Велес.
Директорот на Грин Машинс, Ангел Анѓушев, при предавањето на возилата на комуналното претпријатие во Кавадарци, се заблагодари на довербата на градот, и потенцираше дека иако Грин Машинс продава во 50 држави низ целиот свет и дека годинава само во еден голем светски град се продадени 40 возила, сепак овие три возила во Кавадарци и значат многу на компанијата и на нејзините вработени затоа што ќе работат и ќе чистат дома, во Македонија.
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев нагласи дека општината секогаш вложува во модерни решенија за подобри услуги за граѓаните и дека е прва општина по главниот град која во 2018г започна со машинско метење на градските улици.
(ПР текст)