Македонија
Петров: Продолжува портокаловата чума во здравството

Портокаловата чума на премиерот Никола Груевски во здравството не само што не стивнува, туку и секој ден станува се поразорна, обвини денеска генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров.Повод за ваквата реакција на Петров е одлуката на министерството за здравство за промена на режимот за упатување на пациентите кон болниците и клиниките.„Со оваа нова одлука министерот за здравство ги прогласи матичните лекари за неспособни да направат проценка дали болниот треба да оди кај специјалист во здравствен дом, или пак, состојбата му е посериозна и подобро е да оди во болница или директно на клиника“, изјави Петров. Според него, новиот режим за упатување кон болниците и клиниките, ќе им само нови малтретирања и дополнителни трошоци на граѓаните. „Ова е индиректната порака што ја испраќа Владата до пациентите, да не доаѓаат во државните болници и клиники бидејќи до таму тешко ќе стигнат, а проблемот побрзо да го решат во приватните болници, со плаќање на поголема сума пари“, обвини Петров. /крај/со/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Независниот синдикат на полицијата најави протест: Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата

Независниот синдикат на полицијата денеска со почеток од 12.00 часот на раскрсницата Мавровка кај судовите ќе одржи полициски протест.
„Полициската плата е составена од основна плата и зголемување од 30%. Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата. Бараме воедначување на судската пракса на апелациониот суд Скопје со Апелационите судови од Битола и Гостивар кој го потврдуваат нашето барање. Протестот ќе започне пред судовите, ќе се одржат кратки говори и ќе се упатиме пеш кон судскиот совет“, велат од Независниот синдикат на полицијата.
Од таму најавија и прес-конференција исто така на раскрсницата кај Мавровка во 12.15 часот.
Македонија
Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот дел од корисниците од село Кучково кон Манастир, општина Ѓорче Петров;
· Во периодот од 09:00 – 12:00 часот дел од корисниците на улицата Гаврил Констатиновиќ (околу бр.57), општина Аеродром;
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот корисниците од улицата Алексо Демниевски 17, 11 и други куќи во близина, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд.