Македонија
МЗ: СДСМ сака да направи паника кај граѓаните

Служејќи се со дезинформации и целосни невистини СДМС има за цел да се направи евентуална паника кај граѓаните за состојбите воз здравството и политички да профитира.Ова се наведува во реакцијата на Министерството за здравство на денешната прес конференција на СДСМ.„Ако целта на денешната прес конференција не е политичка, тогаш луѓето од СДСМ покажуваат елементарно незнаење од тоа како функционираат современите здравствени системи во речиси сите земји во светот“, се вели во реакцијатаПритоа се укажува дека со новата реформа за пренасочување на пациентите од примарните, секундарните, па се до терцијалните здравствени установи Министерството за здравство сака да се избегне практиката со која пациентите и при најмали здравствени проблеми се испраќаат во клиничкиот центар во Скопје. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП), Моника Зајкова, денеска го оствари своето право на глас во средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје.
По гласањето, Зајкова ги повика граѓаните да го искористат своето најмоќно демократско право, правото на глас.
„Денес ја исполнив мојата граѓанска обврска и го дадов својот глас за развој и подобра иднина на нашите општини и на Град Скопје. Важно е да одлучуваме разумно и одговорно, со мисла за иднината на нашите заедници. Посакувам победа на кандидатите со визија, на оние што нудат реални решенија, проекти и резултати за граѓаните“, порача Зајкова и додаде дека е време да сведочиме на вистински развој, а не на блокади и изговори кои ја кочат државата и ги чинат граѓаните милиони.
„Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас“, рече Зајкова.
Македонија
Гаши: Оваа кампања беше еден од најдобрите примери како се практикува демократијата

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес го оствари своето право на глас на локалните избори.
Во својата изјава за медиумите по гласањето, претседателот Гаши им честиташе на граѓаните и на сите политички фактори за водењето на достојна и безинцидентна кампања, потенцирајќи дека изборниот процес досега поминал на примерен начин.
„Сметам дека оваа кампања беше еден од најдобрите примери како се практикува демократијата во нашата држава. Досега немавме ваква кампања. Се надевам дека и денешниот ден ќе заврши во иста демократска и мирна атмосфера,“ изјави претседателот Гаши.
Тој, исто така, ги повика надлежните институции да продолжат да бидат на ниво на задачата до завршувањето на изборниот процес, спроведувајќи го на најчесен и најодговорен можен начин.
Македонија
Герасимовски го оствари своето право на глас и повика на мирни и фер избори

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар и актуелен градоначалник, Горан Герасимовски, денеска заедно со сопругата Елена го остварија нивното право на глас во Дебар Маало.
Герасимовски истакнува дека овој ден е важен, затоа што со секој глас се гради демократијата и иднината на Општина Центар.
„Заедно со сопругата Елена го остваривме нашето право на глас во Дебар Маало. Овој ден е важен, затоа што со секој глас ја градиме демократијата и иднината на општина Центар. Ги повикувам сите граѓани да излезат и активно да учествуваат во изборниот процес. Посакувам мирни, демократски и фер избори”, порача Герасимовски.