Македонија
Обвинителите се подготвуваат за новиот ЗКП

Денеска во Академијата за судии и обвинители гостин беше судијата на Врховниот суд на Хрватска, Дамир Кос кој со нашите судии и обвинители ги сподели хрватските искуства за примена на новите измени на Законот за кривична постапка. На средбата со македонските судски органи се расправаше за законските решенија околу примената на вонреден правен лек за намалување на изречена казна по правосилна пресуда. Исто така се расправаше и за измените на новиот Закон за кривична постапка за која хрватскиот судија вели :” Во целиот регион е тренд да се засили позицијата на странките во постапката , а да се ослаби судот. Се повеќе обвинителите имаат одговорност во една постапка. Со размена на искуствата ќе дојдеме до правиот закон кој нема да биде во корист на криминалците туку во корист на силна правна држава”. Дека академијата засилено се подготвува за новите обуки потврди и директорката судијата Анета Арнаудовска. „До сега имаше неколку подготвителни обуки, битно е што во иднина за примената на ЗКП ќе биде важна подготвеноста на полицијата, но и на адвокатите. Нормално со интензивните обуки ќе се постигне оспособувањето за практична примена и овие обуки ќе значат измена на менталитетот на обвинителите дека тие се главните носители на истрагата”, вели Арнаудовска. /крај/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
АМСМ: На Табановце се чека 40 минути, на Богородица и Дојран околу еден час

АМСМ информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
„Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце околу 40 минути и ГП Богородица и ГП Дојран времето на чекање за влез е околу 1 час“, велат од АМСМ и додаваат дека на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Поради изведување на градежни активности на Вијадукт на Сарички дол кој се наоѓа на државниот пат А1 Градско – Прилеп, обиколница на градот Прилеп, државниот пат (од раскрсница кај бензинска станица “ Лукоил” до клучка кај бензинска станица “ Салида “), ќе биде целосно затворен за сообраќај од 03 август (недела) од 07.00 часот до 06 август (среда). Сообраќајот ќе биде пренасочен низ градот Прилеп.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Македонија
Ангелов: Словенечкиот тим и чешкиот хеликоптер си заминуваат, нема активни пожари

Денеска заминува словенечкиот тим од 61 пожарникар специјализирани за гаснење на шумски пожари, со 18 возила, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
„Во завршниот збор им се заблагодарив од име на македонската влада и македонските граѓани а од име на Дирекцијата за заштита и спасување им доделив пригодни благодарници. Утре заминува и чешкиот Блек Хок со седумчлената посада. За гаснење на пожарот на територијата на општина Долнени во атарот на с. Стровија на местото викано Гајдарец – Клепало, рано утрово со полициски хеликоптер беа исфрлени екипи на Национални Шуми со неколку доброволци ловци кои за неколку часа целосно го изгаснаа овој пожар на отворен простор кој имаше зафатено поголема површина со сува и висока трева по гребенот на планината“, вели Ангелов.
Тој додава дека пожарот на планината Готен е целосно изгаснат и од радовишката и од беровската страна.
Во овој момент нема активни пожари.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто СДС ја брани лошата организација на олимпијадата од МОК

ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција на соопштението од СДСМ.
„ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува обидот за политизација на спортот во Македонија.
Навистина е симптоматично и чудно зошто СДС како политичка партија не и погледне на вистината во очи и ја брани преку дефокус лошата организација на Олимпијата од страна на МОК.
Какви политички интереси има СДС во МОК.
Се што беше побарано беше и овозможено како логистика од страна на Министерството за спорт.
Се понатаму од оваа единствена вистина е срамна политизација за ефтини политички поени.
СДС е партијата која за цели 7 години не изгради спортско игралиште, ниту еден базен, ниту еден фудбалски терен. Нивниот резултат за спортот се множи со нула.
СДС е неконструктивна и тотално безидејна партија“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.