Македонија
„Павел Шатев“: Со измените на Законот за лустрација ќе се затворат многу отворени прашања
Предлагачите на предлог измените на Законот за лустрација велат дека со новото пошироко решение ќе се одговорат илјадници отворени прашања од поновата историја и оти лустрацијата ќе се врати во институциите
„Со измените и дополнувањата на Законот за лустрација сакаме да направиме еден вистински процес на просветлување на нашето општество и да знаеме кои се оние луѓе кои можат да прават пречки на демократскиот развој на земјата и да се тргнат од таму да остават простор на вистинските демократски сили да ја водат Република Македонија напред“, рече на денешната трибина на институтот „Павел Шатев“, пратеничката Силвана Бонева.Лустрацијата, како што рече таа, треба да покаже какво е учеството на тајните служби, каква била нивната улога во креирање на меѓуетничките тензии во Република Македонија, во креирањето на тензии со соседите, како што рече, се со една и единствена цел, да се покаже дека Македонија не може да биде самостојна, независна држава, која може сама да се избори во своето место во Европа и во светот.Ивица Боцевски од ЛДП рече дека не е добро на Македонија да и се ставаат негативни налепници дека само таа е специфична земја поврзана со процесот на лустрација.„Сенките од поранешниот систем ги измачуваат сите посткомунистички земји, па и оние што се веќе членки на ЕУ и НАТО и овој процес не го правиме за да овозможиме побрза интеграција во овие организации, туку го правиме за нас, за да се исчисти Република Македонија од сенките кои сè уште го загрозуваат безбедното демократско функционирање и да оневозможиме некој друг повторно да навлезе во вакви влијанија кои ги имаме во моментот“, посочи Боцески.Авторот на Еднооки, Борис Дамовски смета дека треба да се спроведе лустрација во делот на економијата, на како што рече, кражбата на 30 милијарди евра во процесот на приватизација во периодот од 1990 до 1996 г.„Сè додека не го разгледаме економскиот момент, ова ќе биде еднострана лустрација.“ , истакна Дамовски.Тој тврди дека сите досиеја за кодошите во Македонија се во близината на Скопје и оти во Белград се наоѓаат досиејата за македонски граѓани кои биле кодоши за содржини направени против Југославија.Новинарот Предраг Димитровски пак, смета дека тие 30 милијарди евра не треба да бидат предмет на лустрација, туку на криминал.Учесниците на дебата се сложија дека законот треба да се донесе со консензус.Во четврток е предвидено да има собраниска расправа за предлог измените и дополнувањата на законот за лустрација поднесени од владејачката коалиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на Сиљановска-Давкова со професори од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со професори на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје за неопходноста од креирање национален модел на образовна и здравствена политика, во којшто ќе бидат вградени физичката активност и здравите навики кај децата и младите, како гаранција за физички и ментално здрава нација.
За таа цел, деканот на факултетот, Влатко Неделковски, продеканката за настава, Андријана Мисовски и професорите Иван Анастасовски и Серјожа Гонтарев ја запознаа претседателката со предлог проектот, односно со планираните истражувања и временската рамка во којашто ќе се одвиваат (2026-2028), очекуваните резултати и стратешката одржливост.

Соговорниците укажаа на загрижувачките последици од долготрајното седење, гледањето телевизија и прекумерната употреба на дигитални уреди врз здравјето на младите, очигледни во прекумерната тежина, зголемената анксиозност, социјалната изолација и пониската самодоверба.

Тие посочија на научно утврдените придобивки од физичката активност како: поголема мускулна маса, подобра меморија, повисока концентрација, смиреност, полесно учење, повисоки академски резултати.

Претседателката предлага посветување поголемо внимание на предметот Физичко образование во сите степени и форми на образование, од градинка до факултет, практикување интерактивна настава во природа, учење во движење.

Сите веруваат дека инкорпорирањето на физичката активност како неопходен елемент на образовниот процес ќе има силно влијание врз младите и нивниот префериран модел на живот, профилирајќи поактивни, поиздржливи, посвесни и поздрави генерации.
Македонија
До сабота претежно облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд
Облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (локално над 30 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
До сабота времето ќе биде претежно облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Во западните и јужните делови врнежите ќе бидат пообилни (локално над 30 l/m² за 24 часа). Од недела ќе има стабилизирање на времето.
Македонија
Муцунски на НАТО-состанок за Коридор 8: Потребнa e зајакнaта регионална поврзаност
На маргините на министерскиот состанок на НАТО, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана на италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани попладнево учествуваше на тематски состанок посветен на проектот „Коридор 8“, кој ја поврзува Република Северна Македонија со регионалната инфраструктура и пристаништата во Албанија, Бугарија, Грција и Романија и е препознаен како клучна точка за интеграција на Западен Балкан со пошироката европска мрежа.
На состанокот беше нагласена потребата од зајакната регионална поврзаност, особено имајќи ги предвид актуелните безбедносни ризици и динамичните геополитички промени. Притоа беше потенцирана заедничката определба за интензивирање на координацијата и комуникацијата меѓу сојузниците во контекст на натамошната модернизација на Коридор 8 – стратешка инфраструктура со растечко геополитичко значење.
Учесниците се согласија дека целосната реализација на Коридор 8 ќе донесе значајни стратешки, економски и безбедносни придобивки. Во светло на најновите геополитички случувања во Европа и пошироко, сојузниците ја потврдија неопходноста од забрзано вложување во Коридор 8 како дел од пошироката европска и евроатлантска безбедносна архитектура.

