Македонија
Собранието ја заврши седницата посветена на тутунарите
Собранието на Република Македонија вечерва ја заврши 136. седница, на која се расправаше по Информацијата за состојбите со откупот на тутунот, поднесена од опозицијата и донесе неколку препоракиСобранието препорачува регистрираните откупни претпријатија за тутун во најкраток можен рок да остварат директен дијалог со тутунопроизводителите за надминување на постоечките недоразбирања. Народните пратеници исто така апелираат поверениците на тутунопроизводителите, кои се претставници од Сојузот на тутунопроизводителите на Република Македонија, крајно совесно и професионално да ја извршуваат својата обврска за гарантирање на правична проценка на тутунот на откупните места и побара замена на оние проценители кои ја злоупотребуваат својата позиција за лични и други интереси. На Владата и на Министерството за земјоделство пратениците им препорачаа да продолжат со преземените активности за строга контрола на откупот на тутунот, На ресорното министерството, пак, му се препорачува да направи анализа на законите и подзаконските одредби од областа на тутунот, особено во делот на класификацијата на квалитетот и висината на казнените одредби и до Собранието да предложи соодветни измени.Собранието апелира предавањето на тутунот да продолжи според предвидената динамика, а за сите забележани неправилности, тутунарите да ги употребат расположивите постапки согласно за заштита на нивните права согласно Законот за тутун и тутунски производи.СДСМ излезе со свои предлог заклучоци. Опозицијата побара да се постигне најмалку ланската откупна цена, односно 192 денари по килограм тутун, собранието да укаже дека Владата треба да го задолжи Тутунскиот комбинат Прилеп, кој е во државна сопственост, да го откупи и вишокот на тутун по просечна цена од 192 денари. Исто така, бара СДСМ, собранието да укаже дека е неопходно Владата да ја досубвенционира годинешната просечна цена до постигнување на ланската цена од 192 денари по килограм, доколку не издејствува постигнување на ланската цена за откуп на тутунот. Во меѓувреме, мирно заврши и осумчасовниот протест на тутунарите пред Собранието на Република Македонија. Претседателот на Штрајкувачкиот одбор, Кире Неделковски, најави дека утре протестот го ставаат во мирување, но од четврток најавуваат граѓанска непослушност за да го изразат револтот поради неисполнување на нивните барања и неусвојувањето на заклучоците што на седницата до Собранието ги предложи опозицијата./крај/со/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори, бара ЛДП
По информацијата на Владата дека наредната недела ќе назначи повереници во општините кои поради немање цензус не успеаја да изберат градоначалници, Либерално-демократската партија (ЛДП) ја информира јавноста дека ќе бара да се измени Изборниот законик.
Измените во Изборниот законик кои ќе ги предложи ЛДП се однесуваат на тоа владините повереници да не можат да се кандидираат на повторените избори за градоначалници во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа. Овие измени ЛДП ќе ги предложи за да нема никој нефер предност пред останатите кандидати за градоначалници, но и да се намали можноста за евентуални злоупотреби и несовесни работења на поверениците во периодот додека не се одржат повторените избори.
Оваа предлог мерка доаѓа по прифаќањето на предлогот на ЛДП за враќање на референдумското отповикување на градоначалници во Законот за локална самоуправа, кој веќе се наоѓа во Собранието и со кој после 30 години од укинувањето на референдумот, ќе се стави крај на заштитата на неефикасните и нетранспарентни функционери.
Доколку се усвојат и измените на Изборниот законик и се воведе ограничувањето за поверениците да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторните избори во четирите општини кои не обезбедија цензус во првиот круг, ќе се овозможат фер услови за коректен политички натпревар, ослободен од било какви сомнежи за дополнителни злоупотреби и политички влијанија, велат од ЛДП.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Заев, Николовски, Груби, Филипче, Бајрами, Дончев и Рашковски посочени како пример за неказнивост
ВМРО-ДПМНЕ реагира дека нема да толерира незаконско постапување и девијантно однесување на поединци за кои постојат сомнежи дека ги прекршиле законските регулативи. Од партијата порачуваат дека Законот мора да важи еднакво за сите и дека секој фатен во корупција или криминал треба да понесе соодветна одговорност.
Во реакцијата се наведува дека државата не смее да се враќа во „мрачните времиња“, како што ги нарекуваат периодите кога, според нив, лица со основано сомнение или пресуди за криминал – меѓу кои ги посочуваат Заев, Љупчо Николовски, Груби, Филипче, Перпарим Бајрами, Ден Дончев и Рашковски – слободно се движеле без одговорност.
Од ВМРО-ДПМНЕ апелираат надлежните институции целосно да го истражат случајот и да постапат до крај согласно законските прописи.
Македонија
За девет месеци од наплата на патарините државата заработила над 58 милиони евра
Вкупните приходи од наплата на патарина за првите девет месеци од годинава изнесуваат 3.611.645.604, денари (58,725 милиони евра).
Во септември годинава прометот на наплатните станици изнесува 401.971.971 денар, а во летните месеци кога е највисока фрекфенцијата на возила, биле инкасирани 494.308.025 во август, 469.811.647 во јули и 399.325.680 денари во јуни годинава.
Најпрофитабилна е наплатната станица Романовце, а најниски се приходите на Кадрифаково.

