Македонија
МВР: Вината за безредието на протестите ја сноси организаторот

Министерството за внатрешни работи (МВР) упати апел до организаторот на вчерашните протести пред Собранието да ги посочи виновниците за нарушувањето на јавниот ред и општата безбедност
МВР преку соопштение ја информира јавноста дека интензивно работи на идентификација на лицата кои се однесувале насилнички и хулигански и дека врз основа на обезбедени снимки во тек е акција за нивно откривање.„Заради нивно побрзо идентификување и санкционирање, МВР апелира организаторот на протестите да ги посочи виновниците и да се огради од нивните намери, доколку истиот навистина немал цел да учествува во режијата на нечии сценарија“, се вели во апелот.Според МВР, токму организаторот е најодговорен за одржувањето на редот и мирот на протестот, како и за спречувањето на насилниците.МВР изрази сомневање дека одредени поединци имале цел или задача да предизвикаат посериозни инциденти.При вчерашните протести беа повредени две лица при вршењето на нивните службени задачи. Станува збор за фоторепортер на весникот Нова Македонија и еден припадник на полицијата„Освен повредените, при дивеењето на поединци, со каменување беа скршени прозорци на зградата на Собранието, беа запалени повеќе корпи за отпадоци во „Жена Парк“ и беше скината сајла од заштитната метална ограда и уништен дел од неа“, стои во соопштението.МВР апелира учесниците во најавените протести во четврток да се воздржат од секаков вид на насилство и да не ги попречуваат ниту медиумите ниту кои било други вработени граѓани при извршувањето на нивните службени задачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДИК: Навреме отворени сите избирачки места, гласањето се одвива без проблем

Државната изборна комисија извести дека денес навремено се отворени сите избирачки места и процесот на гласање се спроведува без проблем.
На Локалните избори 2025 во Северна Македонија право на глас имаат 1.832.415 граѓани.
Се гласа за вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.
Гласањето на локалните избори започна во 7:00 часот и ќе трае непрекинато до 19:00 часот. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа.
Македонија
Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне намалување на облачноста

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Во западните планински региони ќе има услови за слаб дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб, долж Повардарието умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива непречено, по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.