Македонија
ФФРМ: Тутунарите да не бидат манипулирани во политички цели
Федерацијата на фармери на Република Македонија (ФФРМ) излезе со свое видување за проблемот со откуп на тутунот, апелирајќи притоа земјоделците да не бидат манипулирани за дневнополитички цели
Според претседателот на ФФРМ, Андрија Секуловски проблемот со откуп на тутунот треба да се изнајде во директни преговори производител-откупувач, но притоа да бидат дефинирани правилата за преговарање и кој ќе ги застапува тутунарите.„Министерството за земјоделство треба да ги дефинира правилата за преговарање и да се знае со кого ќе се преговара, а не секогаш со различни здруженија и фармери се преговара за исти проблеми. Ова не се случува само со проблемот со тутунот туку и во другите земјоделски сектори“, изјави Секуловски.Тој констатираше дека е нужно да се спроведе реорганизација на здруженијата со цел да се знае кој во моментот ги брани ставовите на тутунарите.Секуловски побара при откупот на тутунот да не се врши манипулација со класите и да бидат засилени инспекциските контроли на откупните пунктови„Една од главните причини за проблемот со тутунот е манипулација со потпишувањето на договорите за реколта 2010“, рече Секуловски и побара да се изврши ревизија на тие договори и да се направи измена во согласност со правните прописи, каде двете страни би биле задоволени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

