Македонија
Пристигнаа шангајските експерти, ќе ги чешлаат универзитетите
Експертите од Џао Тонг Универзитетот од Шангај, кој ја прави престижната Шангајска листа на топ 500 универзитети во светот, пристигнаа во Скопје и нивна задача ќе биде да направат ранг-листа на македонските универзитети, од најлошиот до најдобриот
Министерот за образование и наука, Никола Тодоров, рече дека сите високообразовни установи се должни да ги достават сите податоци кои ќе им бидат побарани кои се во функција на рангирањето.„Треба да се достават, без разлика на каков тип на податоци станува збор и финансиски и податоци за професорите, податоци за предавањата, податоци за самоевалуацијата и предвидено е сериозни казни за оние кои нема да ги достават податоците“, рече тој.Извршниот директор на Центарот за Светско рангирање на Универзитети, проф.др. Јинг Ченг, рече дека најпрвин тој и неговиот колега – Деканот на Шангај Џао Тонг Универзитетот, проф.др Ниан Кај Лиу, ќе го проучуваат високообразовниот систем во Македонија, ќе ги анализираат индикаторите за евалуација на образованието користени во други земји и потоа ќе пробаат да ги селектираат оние кои сметаат дека се соодветни за високообразовниот систем во Македонија.„Прво ќе ги разгледаме квалитетот и ефикасноста на предавањето и учењето, а второ што ќе биде анализирано се истражувањата и третото е социјалниот сервис на универзитетот“, рече Јинг Ченг.Тие информираа дека имаат листа на повеќе од шеесет индикатори, и ќе дискутираат со домашните експерти за да утврдат кои од нив се соодветни за домашниот високообразовниот систем.Тодоров, кој денеска со нив го потпиша договорот со кој ќе отпочне процесот на рангирање на македонските универзитети, рече дека суштината на ова истражување не е некој од универзитетите во Македонија да се најде на Шангајската листа.„Поентата е Џао Тонг Универзитетот или оние кои ја креираат Шангајската листа, да направат рангирање на македонските универзитети па да видиме кои од македонските универзитети има најдобри перформанси, кој има послаби, а кој има најслаби перформанси. Нормално, тоа ќе биде добро сознание и за пријателите од Џао Тонг Универзитетот да дознаат информации за високообразовните институции во Македонија, кои можеби ќе ги искористат и за правењето на следната Шангајска листа“, рече тој.Договорот за рангирање на универзитетите ќе чини околу 100.000 евра. На престижната Шангајска листа се наоѓаат врвните 500 универзитети во светот, а засега убедливо првите места на неа ги држат трите американски универзитети – третото место е за Стенфорд универзитетот, втор е универзитетот од Калифорнија, Беркли и број еден во светот е Харвард.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

