Македонија
Иванов побара посериозен пристап за пописот
Претседателот Ѓорге Иванов на денешната лидерска средба од претседателите на најголемите политички партии побарал посериозен и повнимателен пристап за спроведување на реален и успешен попис.За претстојниот попис информирал за сите досега направени подготвителни активности, за оние кои се во тек и за оние кои претстојат. Претходно, информира тој, остварил средба со претставници на надлежните институции.„Се отвори дискусија, имавме различни мислења и прашања. За некои од прашањата остануваат несогласувања, но главно работите околу пописот одат во добра насока, подготовките течат како што треба. Се надеваме дека ќе завршат со успешен и реален попис“, рече Груевски по средбата.Лидерот на ДУИ Али Ахмети посочи дека е договорено државата како носител на оваа статистичка операција да ги едуцира и анимира граѓаните, но и попишувачите. „Согласни сме дека не ни е потребен бојкот, туку успешен попис на населението“, изјави Ахмети. Според лидерот на Нова демократија Имер Селмани потребна е корекција на Законот за попис.„Со член 6 став 3 од Законот е исклучувачки за речиси една третина од Албанците кои привремено работат во странство. Со тоа се создава погрешна слика, а со тоа се носат и погрешни политики во делот на политичкото однесување“, рече Селмани./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.