Македонија
Пластичните кеси вон употреба од 2013-та
Употребата на пластичните кеси во трговските објекти, во Македонија, од 2013 година ќе биде целосно забранета, а нивното место ќе го заземат биоразградливите кеси
Како што појасни Мирко Јакимовски, претседател на Групацијата за производство и преработка на пластични маси при Стопанската комора на Македонија, биоразградливите кеси на прв поглед воопшто не се разликуваат од пластичните кеси, а разликата е во материјалот од кои се направени.„Биоразградливите кеси содржат посебни адитиви и додатоци, кои што придонесуваат тие кеси во допир со земјата, по извесен период од 90 дена до две години, целосно да се распаѓаат во содржини кои што се корисни за почвата како ѓубриво“, рече Јакимовски.Тој појасни дека овој процес е веќе присутен во некои држави во светот и се очекува во иднина да се произведуваат исклучиво биоразградливи кеси.„Уште пред две години поднесовме барање до Министерството за животна средина и просторно планирање целокупното производство на кеси да се насочи кон производство на биоразградливи кеси“, изјави Јакимовски.Истакнувајќи дека ресорното министерство ги донело потребните законски измени, Јакимовски посочи дека согласно новиот закон трговците нема да биде обврзани да ги продаваат биоразградливите кеси, туку ќе имаат можност и да ги делат бесплатно, со цел да бидат поконкурентни.Пред две години беше донесен Закон со кој пластичните кеси задолжително се продаваат по денар или два, што стана солиден бизнис, поради што тешко е да се поверува дека трговците би се откажале од таа заработувачка, истакна Јакимовски.Тој информираше дека поголемите супермаркети, како што се „Тинекс“ и „Веро“ веќе почнале да продаваат биоразградливи кеси, а наскоро се очекува тие да бидат достапни и во останатите продавници.Според Јакимовски, за производство на биоразградливи кеси не треба да се менува технологијата на производството, туку само се додаваат посебни адитиви.Македонската индустрија за кеси во моментот целосно ги задоволува домашните потреби, а се остварува и извоз во соседните држави.Јакимовски информираше и дека, откако беше воведена обврската за плаќање на пластични кеси, нивниот промет е намален од 40-50 отсто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 57 сесија на Клубот на истражувачите
На 27 март 2026 година (петок), со почеток во 13 часот, во просториите на Народната банка ќе се одржи 57. сесија на Клубот на истражувачите.
„Доколку сакате да презентирате Ваш работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве покануваме да се пријавите со доставување на материјалот на е-адресата: [email protected], најдоцна до 18 март 2025 година (среда).
Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.
На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија“.
Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер, за што можете да видите подетални информации на веб-страницата на Народната банка www.nbrm.mk, во делот Клуб на истражувачи.
Македонија
Герасимовски: Реконструкција на улицата ,,Светозар Марковиќ”, нов асфалт, тротоари и канализација
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во активностите за реконструкција на улицата „Светозар Марковиќ“ во населбата Ново Маало.
Реконструкцијата на улицата опфаќа површина од 1.310 м² и должина од 210 метри. Во моментот на терен се поставува нов асфалт.
„Во Центар се реализираат конкретни проекти, со стандарди што граѓаните ги заслужуваат. Секоја уредена улица е чекор поблиску кон поразвиена и побезбедна општина. Реконструкцијата на улицата ,,Светозар Марковиќ„ ќе овозможи полесно движење за граѓаните и безбеден сообраќај, воедно ќе придонесе за поуреден изглед на населбата“, посочи Герасимовски.
Реконструкцијата предвидува проширување на улицата, нови рабници и тротоари, ново улично осветлување и поставување атмосферска и фекална канализација.
„Во Општина Центар активно се работи на подобрување на инфраструктурата.Во тек е реконструкција на улицата „Мирослав Крлежа“ во Дебар Маало, а наскоро ќе а започнат градежните работи за реконструирање на вториот дел од улицата „Ленинова“
Македонија
Што ќе рече генералниот секретар на НАТО Марк Руте за Адамовиќ, Стоиљковиќ и врските со Русија, прашуваат од СДСМ
Со своите државнички политики СДСМ ја внесе Македонија во НАТО, преку една од најбрзите пристапни постапки во историјата на Алијансата – за помалку од две години. Со тоа обезбедивме трајна безбедност и сигурност за државата и граѓаните, истакнуваат од опозициската партија.
„Благодарение на таа посветеност и сериозна политика што ја води СДСМ, денес во овие тешки времиња што го погодија светот, граѓаните на Македонија се помирни, побезбедни и побезгрижни.
Генералениот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска доаѓа во посета на Македонија.
Прашањето е што ќе рече генералниот секретар на НАТО за назначувањето на почесниот конзул Душан Адамовиќ и за најблискиот соработник на Мицкоски- вицепремиерот Иван Стоиљковиќ кои имаат блиски врски со Русија“.
Прашуваат дали е тоа соодветно за земја членка на НАТО?
„Со денови прашуваме и нема одговор од Мицкоски за неговите врски со Душан Адамовиќ и по кои критериуми на седница на Влада го избра својот пријател за почесен конзул на Македонија во Србија.
За неговите ставови дека „Српска Македонија“ била окупирана, за бројните криминални афери со кои се поврзува, за неговите високи позиции во СНС – сестринската партија на ВМРО како и за неговите врски со Русија.
Нема одговори“.
Нема одговори, како што велат ниту за прославите на првиот соработник на Мицкоски во Владата, вицепремиерот Иван Стоиљковиќ, со „Ноќните волци“ блиски на Путин.
Дали ваквите кадри ја зајакнуваат или ја компромитираат нашата позиција во Алијансата и на меѓународен план“.

