Македонија
Бесими: Едношалтерскиот систем ќе ги штити чесните учесници на пазарот
Започнувањето со работата на втората фаза од едношалтерскиот систем во Централниот регистар (ЦР) ќе овозможи подобрување на деловна клима, зголемување на привлечноста на пазарот за странски инвеститори, поефикасни административни процедури, како и побезбедни електронски услуги
Втората фаза опфаќа три компоненти: е-регистрација на фирми, е-стечај и дисквалификувани субјекти и е-регистрација на залог и лизинг.„Очекуваме да се зголеми ефикасноста на стечајните процедури и зголемување на транспарентноста на целата постапка. Целта е да се намали можноста за шпекулации на пазарот, односно оние лица кои имаат отворени постапки како стечај и блокирани сметки, да се контролираат и да се штитат тие што се чесни учесници на пазарот“, изјави Фатмир Бесими, министер за економија.Компонентата е-стечај и дисквалификувани субјекти ќе доведе до намалување на времетраењето на долготрајните стечајни постапки, односно затворањето на компаниите.„Цената на овие услуги нема да биде скапа, ние по препорака на Владата ги намалувавме тарифите на корисниците на релевантни информации. Нормално е дека ќе мора да се плаќаа одреден надомест до ниво кое што ќе може регистарот и понатаму да овозможува развој на нови регистри и решенија“, рече Ванчо Костадиновски, директор на ЦР.Проектот е во соработка со Светска Банка, а изведуван од ЕРЦ од Ирска, ИРИС од Индија и меѓународниот конзорциум Реактив од Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

