Македонија
Фуере со уште еден апел да престане партизираноста на јавната администрација
Евроамбасадорот Ерван Фуере и денеска со апел до властите да се реши проблемот со партизираноста во јавната администрација.
„Знаеме за случаи во бројни министерства вклучувајќи го и секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор, каде луѓе се вработуваат и унапредуваат во кариерата, не врз основа на нивните професионални достигнувања туку од чисто политички мотиви. И токму поради ова постојано апелираме до властите да се осврнат кон овој проблем, целосно да ги преземат реформите во секторот на јавната администрација, бидејќи земјава нема изгледи за успех без солидна јавна администрација. Додека не се направи тоа ќе имаме ситуации, кога луѓето кои се навистина професионалци се остават настрана без никаква можност целосно да ја употребат нивната експертиза“ изјави Фуере.
Тој упати апел до владата да го усогласи законот за државните службеници и јавната администрација со цел партиските вработувања во јавната администрација да бидат избегнати или доведени до минимум.
Фуере и вчера упати ист ваков апел до владата на завршната конференција на проектот финансиран од Европската унија, за техничка поддршка на Агенцијата за државни службеници и зајакнување на имплементацијата на националниот систем со координација на обуки.
„За жал, откако се презентираше извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, имаме сознанија дека има вработени кои сè уште се преместуваат од едно на друго место, се оставаат понастрана во рамките на јавната служба поради политизирање во службата“, рече вчера Фуере.
Партизираноста на јавната администрација беше една од клучните забелешки во извештајот на Европската комисија. Министерството за информатичко општество од 1 јануари е задолжено за спроведување на стратегијата за јавна администрација./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дебакл на Мицкоски, историски пад на странските инвестиции за 729 милиони евра, велат од СДСМ
„Драматчен пад на странските директни инвестиции во 2025 година од 61% покажуваат последните економски податоци на Народна банка. Со Христијан Мицкоски на чело на Владата, во 2025 година има намалување на странските инвестиции за огромни 729 милиони евра во споредба со 2024 година“, велат од СДСМ.
„Поради политиките на СДСМ, во 2024 година странските директни инвестиции изнесуваа 1 милијарда и 196 милиони евра, додека во 2025 година со Мицкоски тие се сведени на само 467 милиони евра. Дебакл.
Но, затоа има пари за криминални тендери, 161 тендер за една фирма, 51 за втора, 74 тендери за трета фирма блиска до власта. ВМРО-ОКГ се грижи само за својот приватен бизнис.
За време на владите на СДСМ, беа отворени 16 нови фабрики како резултат на директни странски инвестиции – гиганти. Се генерираа над 10.000 нови работни места само во технолошко-индустриските развојни зони.
Што се случува сега со Мицкоски и ВМРО-ОКГ? Има историски пад на инвестициите и губење на илјадници работни места. Германскиот гигант Aktiv официјално потврди дека се повлекува од Скопје, оставајќи 400 – 500 работници без работа. Во фабриката на Dura се кратат производни линии. Magna го стопираше своето претходно најавено ширење. Илјадници работни места се под сериозен ризик.
Ова е резултат на погрешните политиките на Мицкоски и ВМРО-ОКГ за изолација и криминални тендери за богатење на функционерите на власт.
Наместо да се занимаваат со економијата, тие преку своите медиуми се занимаваат со црна кампања и лажни афери. Нема интеграција – следи економска изолација“, соопшти СДСМ.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

