Македонија
Османи : Плаќањето по учинок не е казна туку стимулација
Моделот за плаќање по учинок не е за да се казнат лекарите туку да се одвојат високопосветените и квалитетните, рече денеска министерот за здравство Бујар Османи
Министерот Бујар Османидодаде дека се на вистински пат да се расчистат сите нејаснотии и отворени прашања што предизвикале забуни и вознемиреност кај вработените.„Како позитивен чекор го оценувам фактот дека по вчерашниот разговор со синдикатите, тие прифатија дијалог за да се надминат нејаснотиите. Проектите што ги предлага Министерството за здравство, посебно во делот на плаќањето по учинок е модел за стимулирање на квалитетниот персонал, персоналот што има добар однос со пациентите“, рече Османи.Османи рече дека иако протестот на вработените од Стоматолошки клинички центар не е поврзан со кој било проект на Министерството за здравство и на надлежностите на ресорното министерство, тој сепак вчера ги примил на разговори претставниците од стоматолошка комора.„Мислам дека има и втора страна на оваа приказна. Во Стоматолошкиот клинички центар ќе мора да се превземат одредени мерки со цел таа клиника да се развие. За тоа треба двете страни да соработуваат, јас мислам дека на вистински пат сме да најдеме решение со дијалог“, изјави Османи во врска со денешните протести на вработените од Клиниката за стоматологија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

