Македонија
Универзитетските професори на протести
Иницијативниот одбор за организација на протестите на професорите од УКИМ за денеска најави мирен протест против предлогот за измени на законот за високо образование на Министерот за образование и наука, Никола Тодоров.„Мирниот академски протест за заштита на уставното начело на автономијата на Универзитетот ќе се одржи во закажаниот термин, како што најавивме“, се вели во соопштението на Иницијативниот одбор.Најавените протести за сега не се поддржани од Ректорскиот колегиум на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од каде соопштија дека дејствувањето на професорите треба да се задржи „низ легитимните органи на Универзитетот“. Истовремено, група на студенти најавуваат контра протести на професорите, за поддршка на министерот.„Тоа се глупости. Ќе има протести. Нас Ректорот не поддржа, а потоа се повлече најверојатно поради политичките притисоци. Ние имаме закажано мирен протест и тоа е наше уставно право, протестот е пријавен во полиција, а тие студенти кои закажале контрапротест, нивниот е против уставен. Знаете тие студенти кои се и зошто се таму, тоа се политички марионети, и ова веќе е скандал“, рече вчера за Макфакс, универзитетскиот професор Гордан Калајџиев, кој додаде дека протестите ќе се одржат на платото на скопскиот универзитет во 13:30 часот. Министерот за образование и наука, Никола Тодоров пак изјави дека нема да протестираат сите професори, туку само еден дел од нив. „Ректорот ми кажа дека воопшто не стои зад овие протести затоа што ние имаме легитимен разговор за се она што се однесува на измените на законот за високо образование“, рече Тодоров кој негираше дека им испраќа контра протести на професорите.Ректорска управа на УКИМ за 31 овој месец закажа нова седницата каде ќе се претседава за разгледување на новата верзија на предлог законот за високо образование. /крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

