Македонија
Судството и дивоградбите во фокусот на пратеничките прашања
Правосудниот систем и легализацијата на диворадби беа главни теми на денешната прва седница годинава, на која се поставуваа пратенички прашања. Пратеникот Јани Макрадули од СДСМ го праша премиерот Никола Груевски како ги толкува изјавите на американскиот амбасадор во Македонија, Филип Рикер дека правосудниот систем во земјава треба да се преиспита. Тој праша и дали власта е подготвена да го прифати амандманот на СДСМ, министерот за правда да се тргне од Судскиот совет. Премиерот Груевски дециден во својот став дека, одлуката за министерот за правда да биде член на Судскиот совет е донесена во 2005 година, кога СДСМ беше на власт. „Ова решение беше донесено кога вие бевте на власт и кога ВМРО – ДПМНЕ беше во опозиција. Венецијанската комисија тоа го оспори тогаш, ВМРО-ДПМНЕ беше против тоа и дотуркавме сега тоа да биде дел од извештај на Европската комисија оти не е добро решение. ВМРО-ДПМНЕ тогаш, заради тоа што сметаше дека решението е лошо, се одлучи дури и да не го поддржи целиот пакет на Уставни измени. Од тие причини лани ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива за промена на Уставот, во кој имаше и измени на ова решение, но за жал во тој период не наидовме на конкретна поддршка од поголемите политички партии во Парламентот, така што тоа беше одложено,“, рече Груевски. Според него реформите кои се прават во судството ќе ја зголемат ефикасноста на судските системи. Во врска со Законот за дивоградби, Макрадули праша зошто се носи ваков закон, кога како што тврди во скопската населба Дебар маало се рушат живеалишта на околу 2300 лица. Премиерот Груевски на ова одговори дека Македонија има потреба од ваков закон и оти СДСМ додека биле на власт имале можност да го изгласаат законот, но не сакале и оти сега нивната цел е да го дисквалификуваат. По неколкуте обвинувања на релација власт-опозиција за тоа кој стои зад протестите во општина Карпош, пратениците од опозицијата на напуштија седницата со коментар дека извршната власт не може да се меша во работата на локалната самоуправа./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

