Македонија
Бајрами: Извештајот на Марти сака да ја оцрни историјата на Албанците
Најостро го осудуваме овој извештај на Дик Марти бидејќи има тенденција да ја оцрни најсветлата историја на Албанците на Балканот, рече денеска Министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами
Тој напомена дека ова не е официјален став на министерството туку негов како министер, и на неговата партија.„Цениме дека преку овој извештај, односно јас ценам како министер и како претставник на мојата политичка партија дека преку овој извештај, се обидува да се оцрни најсветлата историја на Албанците на Балканот, зашто во самиот извештај се напаѓаат лицата кои дадоа голем придонес на најновата историја на Албанците на Балканот“, рече Бајрами кој додаде дека истите лица кои се споменуваат во извештајот „дале придонес за основањето на најновата држава во Европа, Република Косово“.Извештајот на швајцарскиот парламентарец Дик Марти за нелегалната трговија со човечки органи на Косово и инволвираноста на премиерот на Косово, Хашим Тачи, беше усвоен од Собранието на Советот на Европа. Во извештајот кој Марти го поднесе до Советот на Европа се бара властите во Белград, Приштина и Тирана да превземат мерки и да ги расветлат злосторствата за време и по конфликтот на Косово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

