Македонија
Осуммина македонски државјани се вратија од Египет
Вкупно осум македонски државјани синоќа со чартер лет на „Туркиш ерлајнс“ се вратија од Египет, информираат од Министерството за внатрешни работи
Планирано е денеска околу пладне 17 македонски граѓани со друг чартер лет заедно со албански државјани и амбасадорот на Албанија во Египет да заминат од оваа северноафриканска земја.Исто така, подоцна уште 15 други македонски државјани, вклучувајќи и дел од персоналот во македонската амбасада во Каиро ќе слетаат во Македонија.Според информации од МНР, вчера 34 македонски државјани побарале помош од македонската амбасада а враќање од Египет, каде веќе со денови се одвиваат опозициони протести за симнување од власт на претседателот Хосни Мубарак.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрани за движење на товарни возила на неколку патни правци
Воведени се забрани за движење на товарни моторни возила на следните патни правци:
· Дебар – Маврово
· Охрид – Кичево (Пресека)
· Кичево – Гостивар (Стража)
· Тетово – Попова Шапка (забрана за ТМВ, за сите останати видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема).
· Битола – Ресен (Ѓавато)
Во прекин е сообраќајот Охрид-Ресен, поради сообраќајна незгода, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.
Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на патот Прилеп – Македонски Брод
На патниот правец Прилеп – Македонски Брод се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.
Од АМСМ информираа дека за сите останати возила е задолжителна употребата на зимска оперема.
Македонија
Фетаи: Владеењето на правото е основа на нашата иднина
Денес, на состанокот на Работниот комитет за Националната развојна стратегија 2024-2044, заменик претседателот на Владата Арбен Фетаи ја потенцираше важноста на владеењето на правото како основа за демократско, одржливо и развиено општество.
„Владеењето на правото не е само принцип, туку тоа е темел врз кој се гради нашата иднина. Без независен, транспарентен и непристрасен правен систем, одржливиот развој е невозможен,“ изјави Фетаи.
Изрази загриженост за постојаните предизвици, како што се политичките интервенции во судскиот систем, одложувањата во судските случаи и недостатокот на ефикасност од страна на судиите и обвинителите. Тој нагласи дека последниот извештај на Европската комисија за нашата земја е јасен повик за итна акција.
Фетаи побара тесна соработка меѓу институциите, академската заедница и меѓународните партнери за справување со овие предизвици и за градење на доверлив и одржлив правен систем.
„Време е за храбри акции, за вистински и мерливи реформи. Нашиот успех зависи од нашата посветеност за изградба на држава каде што правдата и развојот одат рака под рака,“ заклучи Фетаи.